Фармацевти
Контакт

<< Назад

ТЕГОВИ

септември 1, 2019

Вежби под оптоварување

 

Доколку правилно се изведуваат, вежбите под оптоварување се незаменлив дел од тренингот за постигнување и одржување добра физичка форма.

 

Автор: Марко Симиќ

 

Теретаната е простор кој, доколку правилно се користи сè што може да понуди, има подеднакво значајна улога за двата пола. Што се однесува до функционалноста на стекнатите мускули, тоа е работа која зависи од изборот на вежби и начинот на тренирање. Затоа пред почеток на редовните посети на теретана од голема важност е посетата на лекар, кој ќе ја провери вашата моментална здравствена состојба. Следен чекор е избор на теретана. Распрашајте се добро, поважна работа од скапите справи е знаењето на тренерот.

 

Што се вежби под оптоварување?

Систем на тренинг во кој вежбите се конципирани така што со силата на мускулите ја совладувате силата која дава отпор на вашето движење, се нарекува тренинг под оптоварување. Оптоварувањето може да биде последица од употреба на тегови, машини за вежбање, а можно е да се прават и вежби во кои се користи сопствената тежина.

 

Ефекти од ваквиот начин на вежбање

Придобивките од правилното вежбање под оптоварување се бројни. Тоа има позитивен ефект на зголемување на силата и брзината, исто така, влијае и на подобрување на координацијата на движењата. Покрај јакнење на мускулите и зголемување на мускулната маса, доаѓа и до јакнење на лигаментите и тетивите. Се зголемува волуменот на крвта и нејзината циркулација во организмот, доаѓа до нормализација на метаболизмот и намалување на масните наслаги. Кардиоваскуларниот и нервниот систем позитивно реагираат на редовен правилен тренинг, се воспоставува и правилно дишење.

 

Правилно вежбање

Во консултација со лекар и тренер одредете почетен сет вежби кои ги опфаќаат сите големи мускулни групи: гради, грб, нозе, раце и рамења. Задолжителен дел од секој тренинг е загревањето пред почетокот на изведувањето на вежбите и истегнување после тренингот. Под основни вежби се подразбираат оние кои вклучуваат активација на повеќе зглобови и мускули. Покрај нив постојат и вежби чиј ефект е концентриран на одреден мускул. Тежината која ја подигате мора да биде нагодена така што ќе го направите пропишаниот број на повторувања во секоја серија. Одморот и правилната исхрана се составен дел од процесот на вежбање.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>