Благотворен за инфекции на дишните патиштаThymus vulgaris (лат.) – тимијан
(фамилија усноцветни - Lamiaceae)
проф. д-р Радиша Јанчиќ
Тимијан е полугрмушка висока меѓу 20 и 30 сантиметри. Минатогодишните гранки се одрвенети. Цветните гранки се покриени со влакна. Долните листови на цветните гранки се свиткани наназад, средните и горните се со кратка дршка, на лицето голи, на опачината влакнести, а цутовите се издолжени. Чашката и цветното венче се густо покриени со светликави жлезди, двоусни. Плодот е мерикарпиум ‒ се распаѓа на четири ситни семки. Цвета од мај до септември. Тимијанот потекнува од Медитеранот и се одгледува.
Се употребува како лековито растение и зачин. Тимијанот дејствува на лачењето на бронхијалната слуз, го потпомага нејзиното искашлување и дејствува антисептично. Затоа листот се користи кај бронхитис и други видови кашлица и инфекции на горните дишни патишта.
Се применува во облик на чаен напиток, алкохолен екстракт, сируп. Дејствува и на смирување на грчеви на мазната мускулатура, особено на органите за варење. Етеричното масло се применува надворешно, за втривање и за инхалирање. Се користи во козметичката индустрија и како зачинска билка.
Кај нас многу често од тимијан се користи мајчината душица - Thymus serpyllum (лат.) – самоник вид, со сличен состав на етеричното масло. Чајот од мајчина душица често се применува кај поблаги пореметувања на варењето, воспалание на грлото и крајниците.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци