Фармацевти
Контакт

<< Назад

ТОРБА ОД МАРАМА

август 5, 2015

[vc_column width="1/1"]Без шиење, само со врзување јазлиКатарина Вијатов

Секогаш модерни и практични торбите од памук, свила или синтетика, кои се носат преку рамо и се во склад со облеката или модните додатоци, брзо и лесно можат да се направат во само три потези од марама во облик на квадрат, со врзување на три јазли

Марамата одамна ја надмина својата основна дефиниција според која „ја покрива главата“, па се користи како шал околу вратот и рамењата, украс за коса и на многу други начини. Ние ќе ви покажеме како од неа може да се направи интересна и практична торба, чија големина зависи од големината на марамата. Целата постапка е толку лесна, па торбата можете да ја направите во само три чекори. На пример, ако нешто сте купиле и не сакате да го носите во раце, а имате марама околу вратот, можете да ја искористите.

Марамата во облик на квадрат прво свиткајте ја по дијагонала, за да добиете триаголник. Внимавајте лицето на марамата да биде свртено кон горе. Потоа врзете јазли на двете страни од свитканата марама. Колку поуредно ги врзете, торбата ќе биде поубава. Потрудете се јазлите да бидат приближно на исто растојание, за да биде торбата симетрична. Потоа, свртете ја марамата и ставете ги јазлите во средина. Потоа подигнете ги слободните агли и протресете, па заврзете уште еден јазол на врвот.

Вака направената торба е многу практична, бидејќи се шири, па собира многу работи, а дезенот може да се во склад со гардеробата. Кога ќе ги одврзете јазлите, торбата повторно се трансформира во марама. Ако имате повеќе марами, без разлика дали се свилени, памучни или синтетски, можете да имате секој ден нова торба за плажа, за пазарење, за прошетка.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>