Срце за неа и за негоБојана Бугарски
Дојде и февруари, познат и како месец на љубовта, бидејќи на 14 февруари во цел свет се слави Денот на вљубените
екои на овој ден му придаваат важност и сакаат да покажат љубов на драгите личности, додека постојат и оние кои го доживуваат како и секој друг ден во годината, но мораме да признаеме дека, сепак, тој ден љубовта се чувствува во воздухот повеќе од обично.
На сите оние кои планираат да ѝ подарат нешто на својата поубава или посилна половина, им откриваме како сами да направат срцевиден држач за кутиичка од картон, во кој можат да го стават токму она што го намениле за драгата личност, а притоа да дадат свој печат.
Ви предлагаме картон во боја, со средна дебелина од 200 г. Боите се ваш избор, а ние се одлучивме за црна, бела, розе и црвена.
- Срце за дами – нацртајте срце на црн и бел картон и потоа исечете ги. На белото срце залепете му помало срце од розов картон и украсете го по рабовите со пулејки или бисерчиња. Во зависност од тоа колкави ви се срцата – држачите за кутиичка, пропорционално на нивната големина направете ја истата. Ви предлагаме прво да нацртате шема на хартија, а потоа пренесете ја и на картон, искројте и формирајте кутиичка. Бочните страни на кутијата намачкајте ги со лепило и залепете ги срцата на нив.
- Срце за мажи – исто така, искројте две срца од црн картон. Потоа едното срце облечете го во „кошула“ и „џемпер“, така што прво ќе залепите црвен картон и со ножички ќе го засечете во средината, а деловите ќе ги свиткате за да добиете јака. Потоа искројте уште едно црно срце, исто така, засечете го во средината од горната страна и залепете го на црвен картон. Засечените делови на ист начин свиткајте ги, залепете копчиња и – џемперчето е скроено. Како и во првиот предлог, срцата залепете ги на претходно направена кутиичка.
Нека овие држачи за кутија бидат идеја и мал знак на внимание за оние кои 14 февруари ќе посакаат да намамат насмевка кај саканата личност, со напомена дека сами ги креирале, а ние ве потсетуваме секој ден на драгите личности да им дадете подарок во вид на убав збор, бидејќи тоа е нешто што срцето не го заборава.