Фармацевти
Контакт

<< Назад

Колачиња на стапчиња

март 1, 2018

Весело залачеБојана Бугарски

Новиот вид колачи под називот Cake pops е сè популарен и кај нас, било да станува збор за децата или за возрасните

Ова слатко задоволство во облик на лижавче може да биде вистинско освежување на некоја од вашите прослави или родендени. А бидејќи сме во месецот кога се прославува и Денот на жената, ете прекрасна идеја некому наместо цвеќе да му подарите букет од овие колачи.

Се прават брзо и едноставно. Смесата ќе ја добиете така што во чинија најпрво ќе ставите 300 г мелен кекс и 100 г шеќер во прав. Тоа сè помешајте го и ставете 100 мл сок од портокал, па измешајте уште еднаш. Во посебна чинија стопете 100 г црно чоколадо со малку масло; штом чоколадото ќе добие течен облик, ставете го во претходно добиената маса, помешајте и додадете 100 г мелени лешници (или бадеми или кикиритки по желба). Соединете па добијте компактна маса, и оставете петнаесетина минути во фрижидер.

За топчињата да ви бидат еднакви, користете лажичка за отприлика да користите подеднаква маса за секое топче. Со раце обликувајте ги топчињата и редете ги на  послужавник покриен со фолија за да не се залепат.

Истопете малку црно чоколадо, ставете го врвот од стапчето (подолго, за скара) во него, а потоа забодете го во топчето. Чоколадото го поврзува стапчето и колачето. Оставете ги така за малку да се стврднат во фрижидер.

Што се однесува на декорацијата, можете да ја се препуштите на фантазијата. Ние растопивме бело и млечно чоколадо. Целото топче го ставате во чоколадото, држете малку за чоколадото да се исцеди и веднаш потоа провалкајте го во чоколадни или шарени трошки. Можете да користите и шарени бонбони за разни облици и бои на самите колачи. Ви предлагаме да ги боцкате во стиропор додека целосно не се стврднат, а подоцна декорирајте ги и поредете ги како сакате.

Оставаат без здив и со својот изглед, а уште повеќе со вкусот. Пробајте ги и вие!

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>