Фармацевти
Контакт

<< Назад

Трнење на прстите на рацете

март 1, 2017

Мајда Штимац

Трнењето може да биде безопасно, но ако често се повторува треба да се посети лекар, бидејќи причина може да биде и некоја сериозна болест, како дијабетес, мултипла склероза и мозочен удар

Трнењето најчесто се чувствува во рацете, а причината е таа што од сите делови на телото прстите имаат најмногу нервни завршетоци. Чувството на трнење се јавува кога во регионот на шаката се стеснуваат карпалните канали. Карпалниот канал или тунел, го формираат осум ситни коски од рачниот зглоб од долната страна, а горната страна ја затвора цврсто сврзно ткиво, кое се нарекува и „попречен карпален лигамент“.

Ако се повторува, трнењето треба да се сфати како аларм, односно предупредување дека треба да се посети лекар, на кого треба да му се каже и ако постојат други придружни симптоми, како болка, исип, изнемоштеност, пореметување во говорот, видот и координацијата.

Симптоми: Обично почнуваат така што трнењето се јавува прво во средиот прст, па се шири на показалецот и палецот, најчесто само ноќе. Во поразвиена фаза трнењето се проширува на лакотот, а може да се јави сè до рамената. Ако овие симптоми траат подолго, може да се намали силата на шаката, нејзините функции и чувството за допир и координација, па предметите паѓаат од раце, односно не може да се фаќаат ситни предмети. Во таа фаза симптомот на трнење се чувствува цел ден, како и жарење и печење.

Причини: Трнењето во рацете може да го предизвикаат и системски болести, како што се ревматоиден артрит, или шеќерна болест, како и дегенеративни промени на вратните прешлени. Често се јавува и кај одредени занимања за кои е типично долготрајно повторување исти движења, како, на пример, работа на компјутер, или кај спортисти дигање тегови. Кај пушачите е почеста појавата на трнење во рацете. Пушачите ризикуваат да заболат од трнење во рацете.

Самопомош: Кој страда од повремено трнење во рацете, треба да ги „штеди“ шаките и да избегнува повторувачи работи со рацете. Помагаат и ладни облоги, држење на болната рака на перница и во повисока положба преку ноќ, вежбање со топче на прстите и шаката за одржување сила. Меѓутоа, најважно е да се отиде на лекар навреме, во почетна фаза на болеста, бидејќи трнењето покажува дека нашето тело реагира на нешто и дека нешто не  е во ред. Тоа може да биде и слаба циркулација, притисок на нервните завршетоци во пределот на ’рбетот, кога точната дијагноза се одредува со рендген, магнетна резонанца или некоја трета дијагностичка метода.

Дијагноза: Кога лекарот ќе утврди една или повеќе причини за трнењето, може да препорача физикална терапија, масажа, лекови, но и хируршко лекување.

Витамини: Трнењето во рацете може да е предизвикано и од недостиг на натриум, калциум, калиум и витамин Б12.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>