Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЦЕЛУЛИТ

јуни 1, 2017

Како да го отстранитеМилица Алексиќ

Иако речиси 90 насто од жените се соочуваат со проблемот целулит на бутините и задникот, тоа не значи дека не треба да се побара решение непривлечната „кора од портокал“ да се отстрани. Борбата со целулитот не е лесна, бидејќи предизвикувачи може да бидат и генетско наследство, забавен метаболизам, слаба циркулација и хормонски пореметувања, па затоа го имаат и дебелите и слабите лица. Меѓутоа, факт е дека со промена на начинот на живот, од менито до вежбања и отфрлања на лошите навики, како пушење и консумирање алкохол, целулитот може драстично да се намали, па дури и да се отстрани. Еве што сè помага во борбата против целулитот:

Вода: Секојдневно консумирање повеќе од 2 литри вода, како и незасладени чаеви од ѓумбир, нане, камилица, хибискус. На здрава, хидрирана кожа целулитот помалку се забележува, а доволен внес на течности е еден од најважните сојузници за подобрување на изгледот на проблематичната регија на бутините и задникот.

Сочно овошје и зеленчук: Свежи краставици, тиквички, домат, лубеница, диња и друго сочно овошје и зеленчук со висок процент на вода, проверено помагаат во борбата против целулитот, па треба да се консумираат секој ден, како салати или шејкови на кои не треба да им се додава шеќер.

Витамини Ц и Б6: Витамините Ц и Б6 помагаат во јакнење на сврзното ткиво и крвните садови, го намалуваат нивото на маснотии во крвта и го стимулираат лачењето колаген, кој е составен дел на сврзното ткиво. Витамин Ц има во овошјето и зеленчукот, а Б6 се наоѓа во зеленчукот со зелени листови, мешунките, рибата, пилешкото месо. Во борбата против целулитот помагаат и суплементи на витамин Ц и Б6.

Антиоксиданти: Консумирањето намирници богати со антиоксиданти го регенерира оштетеното ткиво и ги неутрализира слободните радикали, па е добро да се консумира зрнесто овошје, цитруси, зеленчук со зелени листови и морков, кој изобилува со витамини А и Е.

Лецитин и масни киселини: Лецитин има во доматот, сојата, карфиолот, компирот и спанаќот, па овие намирници треба да бидат често на менито, бидејќи го спречуваат складирањето на масти во крвните садови и помагаат во обновување на оштетеното ткиво. Масни киселини има во ленот, рибата, јаткастите плодови, грашокот и брокулата, тие ја поттикнуваат хидратацијата на клеточно ниво и го регенерираат сврзното ткиво.

Во борбата против целулитот, покрај здравата исхрана, важно е и движењето, физичкото вежбање и намалување на стресот. Може да помогнат и пилинзи и масажи на проблематичните места, па треба да се применуваат барем три пати неделно. На пазарот постои голем број препарати, креми, гелови и лосиони за нега на „кората од портокал“, како и за хидратација на зафатените места и подобрување на циркулацијата, па треба да се користат најдобро додека целулитот се наоѓа во почетна фаза на развој.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>