Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЦЕЛУЛИТ

јули 1, 2019

Како да се избориме со него

Мораме да бидеме свесни дека не постојат експресни решенија, туку дека е неопходна комплетна промена на нездравите животни навики.

автор Весна Марковиќ

Она што го зголемува ризикот од настанок на целулит се хормоналните промени низ кои минува организмот во текот на растот и созревањето, бременоста, предменструалниот период, менопаузата, земањето антибеби пилули или некои други хормонски препарати. Прекумерната телесна тежина и нездравите животни навики се сигурен пат кон развој на трајна појава на овој деформитет. Генетиката, исто така, има значајна улога, така што жените во чие семејство овој проблем е застапен може да очекуваат дека и самите ќе се сретнат со него. Податоците, инаку, покажуваат дека дури 80 % од жените во некој период од животот се соочуваат со појава на целулит.

Како да се бориме против целулитот
Најдобариот начин во борбата против настанок на целулит започнува во раното детство, и се состои во навикнување на здрава избалансирана исхрана, со редовно, умерено занимавање со физички активности. Во комбинација со добра генетика ова е прилично сигурен пат кон превенција на настанок на кора од портокал. Меѓутоа, ако сакаме да бидеме искрени, повеќето од нас за тоа не ни размислувале кога биле мали, токму како и нашите мајки.
Настанокот на целулит е сигнал дека е потребна корекција во нашиот однос кон сопственото здравје, а запуштен, овој проблем може да има и сериозни последици.
Она што е неопходно да го направиме за да победиме во оваа борба е следното:
‒ мораме да ја регулираме сопствената телесна тежина,
‒ мораме да внесуваме доволно течности секој ден (најмалку 2 л вода),
‒ свежо овошје и зеленчук мора да бидат присутни во секој оброк,
‒ мораме да го ставиме вежбањето или брзото одење во својот секојдневен распоред.

Што уште можеме да направиме?
Со консултација со својот фармацевт, изберете некој од препаратите кои ја поттикнуваат микроциркулацијата. Ги има на база на бршлен, ензимот мукополисахаридаза, со додаток на гуарана, масло од маточина, капсаицин, ментол или камфор. За самостојна примена, без масажа за која се користат масла, постојат креми и гелови кои кожата лесно ги впива.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>