Фармацевти
Контакт

<< Назад

Целулит и стрии – најголемите непријатели на секоја жена

мај 1, 2017

Секоја жена сонува за убави, цврсти и здрави нозе, а со доаѓањето на топлите денови на нозете им посветуваме сè повеќе внимание. Целулитот и стриите се проблеми со кои се соочуваат 90 % од жените во светот, а кај 30 % од нив справувањето со овој проблем прераснува во секојдневна опсесија. Од овие причини, тие постојано бараат иновативни решенија кои ќе им помогнат да се ослободат од несаканиот изглед на телото.

За да го победите целулитот, тргнете од чинијата. Исхрана богата со антиоксиданти овозможува ефикасна борба со слободните радикали, од кои делумно зависи појавата на целулитот. Овошјето и зеленчукот со црвена или портокалова боја и зелениот чај се извонредни антиоксиданти кои треба што почесто да ги користите во борба против целулитот. Најважно од сè е да избегнувате премногу солена и блага храна.

Редовно занимавајте се со различни физички активности. Пожелно е да шетате секогаш кога ќе имате прилика за тоа. Исто така, спортовите како пливање или возење велосипед можат да ви помогнат да го зајакнете тонусот на мускулите на нозете и да го намалите создавањето целулит. За уште поголеми резултати, се препорачува пред вежбање да практикувате антицелулитни масажи.

Времето поминато во седење или седење со прекрстени нозе ја отежнува циркулацијата и притоа се намалува размената на течности и се отежнува протокот на крв во нозете, што резултира со собирање на масти. Ако, сепак, работата не ви дозволува да станувате често, менувајте ја позицијата на нозете колку што можете почесто.

Кремите против целулит и стрии се, исто така, добар начин за превенција и намалување на овие појави. Бидејќи за стрии не постои вежба или исхрана која ќе ја намали нивната видливост, се препорачува да нанесувате крем кој со сигурност ќе ви помогне.

Taiva Anti Cellulite & Stretch Marks е ефикасен крем кој се темели на активните состојки кои дејствуваат длабински и видливо ги намалуваат целулитот и стриите. Напредната формула ги „буди“ забавените телесни процеси, односно ја стимулира липолизата и синтезата на колагенот и ја намалува синтезата на масните киселини. Кремот делотворно ги намалува веќе формираните целулитни јазли, големината и бојата на стриите и истовремено спречува формирање нов целулит и појава на нови стрии. Резултатот е мазна, затегната и тонирана кожа. Taiva Anti Cellulite & Stretch Marks не содржи кофеин и е безбеден за бремени жени.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>