Фармацевти
Контакт

<< Назад

Цинк

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]минерал за животАна Николиќ

Од 2002 година Светската здравствена организација (СЗО) во земјите во развој спроведува програма за надоместување на цинкот, бидејќи недостигот на овој минерал е ставен на петто место како причина за појава на разни болести. Во развиените земји, каде повеќе се внесува во организмот, недостигот од цинк како причина за болести се наоѓа дури на 11. место. Децата, трудниците и доилките имаат зголемена потреба за цинк.

ВАЖНОСТА НА ЦИНКОТ: Цинкот е значаен бидејќи учествува во сите биолошки процеси, се содржи во преку 300 ензими и има битна улога во хемиските реакции со кои храната се претвора во енергија. Без цинк организмот не може да се брани, тој учествува во синтезата на ДНК, во создавањето сперматозоиди, во антиоксидативното дејство, бидејќи го штити телото од слободните радикали, ги намалува предменструалните симптоми, го подобрува здравјето на коските и забите и го намалува ризикот од разни дегенеративни промени. Цинкот влијае кожата, ноктите и косата да бидат убави и здрави, ги подобрува интелектуалните способности, како помнење, расудување и размислување. Му помага на организмот да се справува со стресот, ги намалува зачестените инфекции и ефикасен е во борба против дијарејата, па затоа се додава во пробиотици. Цинкот е важен и во превенција на карцином на простата, па на мажите по 50-тата година им се препорачува секојдневно земање суплементи на цинк. Игра голема улога и во староста, бидејќи го подобрува имунитетот, влијае на регулирање на нивоата на шеќер во крвта, па на тој начин битно влијае на здравјето, квалитетот и должината на животот.

НЕДОСТИГ НА ЦИНК: Создавање првут на кожата, опаѓање на косата, бели дамки и линии на ноктите се показатели на недостиг на цинк, а постои и едноставен тест со кој се утврдува дали го има во организмот доволно или не. Ако по земање препарат кој содржи цинк, кој треба да се држи во уста 15 секунди, се почувствува сладок вкус, тоа е сигурен знак дека овој минерал недостига, но ако во устата имаме метален вкус, тоа е знак дека во организмот го има доволно.

Цинкот во намирници

Консумирање храна богата со цинк е битен дел од здравата исхрана, на тој начин телото се штити од болести. Цинк има во говедско, коњско и мисиркино месо, во свински и телешки црн дроб, во жолчка од јајце, риба, остриги, грав, грашок, ѓумбир, семки од лен, сусам и сончоглед, бедеми, ореви, трици и житни растенија.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>