Сè што ви е потребно за изработка на маица со перли е: игла, конец и перли. Украсете ја вашата маица така што на неа ќе сошиете перли во разни бои и облици. Ние користевме сини, виолетови и бели перли, и еднобојната маица во крем-боја ја претворивме во ефектна уникатна маица. Наизменично околу отворот за вратот зашивавме сини и виолетови перли, а потоа белите ги сошивме во облик на цвет. На перлите има мали дупченца низ кои го провлекувате конецот и го зашивате за маицата, наша препорака е да користите конец во боја на маицата за делот од конецот што се гледа да биде помалку видлив. Доколку ви се допадна нашата идеја, вашата маица можете да ја украсите и со нитни, крупни перли или ситни перли, еднобојни или шарени, кои можете да ги сошиете по ракавите, околу вратот или на средина на маицата. Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци
Дознај повеќе >>