Фармацевти
Контакт

<< Назад

УКРАСИ ЗА ВЕНЧАВКИ

јуни 1, 2019

Кажете ѝ да на креативноста

 

Најубавите настани може да бидат уште посвечени доколку употребиме малку фантазија и вешти раце.

 

Автор Светлана Сушиќ

 

Венчавањето е едно од најважните случувања во животот, затоа и не чуди што идните сопружници посветуваат многу внимание и на најмалите детали поврзани за подготовката на веселбата. Во текот на последните години традиционалното украсување на сватовите со гранчиња рузмарин му го отстапи местото на различни креативни украси. Ова нуди неброени можности за искажување на креативниот потенцијал, а гостите често ги носат овие уникатни креации дома, како спомен за убавото дружење и забава. Советите за изработка ни ги даде Анка Стојановиќ од работилницата Dolce Vita Dekoracije, а ни ја покажа и постапката за правење елегантен украс.

Покрај креативност, вешти прсти и добра волја, потребно е да се има уште и: ножички, пиштол за лепење пластика, сатенска лента, лента од тантела, мрежеста лента, лико, бисерчиња, украсни гранчиња. Сето ова можете да го набавите во специјализирани работилници за хоби, позаментерии и цвеќарници.

 

Како да почнете?

Правењето цветчиња од сатенска лента е дел од процесот кој бара малку вежба на почеток додека не го пронајдете најдобриот начин. Потребно е парче лента со должина околу триесет сантиметри. Со палецот и показалецот од едната рака фатете го едниот крај, потоа со другата рака виткајте ја лентата и почнете да ја мотате околу прстите. Зацврстете со помош на пиштол за лепење. На почетокот можеби ќе ви биде потребна помош во оваа фаза, но кога ќе станете повешти, ќе можете и самостојно да направите сатенско цветче. За оние кои не сакаат да се усовршуваат во оваа вештина, постојат и готови цветови кои може да се купат, но го немаат тој шарм на рачно изработените уникатни предмети.

 

Следни чекори

Исечете го ликото (или некој украсен коноп, подебел конец, волница) на парчиња долги околу триесет сантиметри. Повлечете го низ бисер (можете да нанижете и повеќе бисери, само водете сметка да не биде пренатрупано). Тантелата и мрежестата лента (која служи како подлога) исечете ја на парчиња со должина од седум до десет сантиметри. Тантелата би требало да биде малку подолга од подлогата, од секоја страна по половина сантиметар.

 

Завршна фаза

За да ви биде полесно додека работите, цветчето можете да го прицврстите за украсното гранче со помош на пиштол за лепење. Ставете ги на тантелата, потоа со стискање со прстите направете панделка, водејќи сметка ткаенината да биде рамномерно распоредена околу гранчето и цветчето. На крај сè цврсто замотајте со ликото (внимавајте бисерот да остане на предната страна на украсот) и врзете. Со додаток на украсна лента, или друго парче лико, овој украс се трансформира во белезица. Можностите навистина се неисцрпни, особено ако земеме предвид дека можете да користите и природни материјали, суво цвеќе, разнобојни лентички, што било што ќе ѝ додаде на вашата венчавка уште убавина и посебност.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>