Фармацевти
Контакт

<< Назад

Улогата на железото во организмот

ноември 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Немања Стојиљковиќ
м-р инж.

Железото е минерал неопходен за живот, бидејќи влегува во состав на хемоглобинот на црвените крвни зрнца, на миоглобинот и на ензими неопходни во процесот на дишење

Железото на латински се нарекува Ferrum, а во хемијата се означува со Fe. Овој минерал од групата на олигоелементи потребен му е на организмот во мали количини. Но, нашиот организам не создава сам залихи на железо, туку мора да се внесува преку исхраната.

СНАБДУВАЊЕ СО КИСЛОРОД: Клучната улога е таа да ги снабдува со кислород виталните органи, мозокот, срцето и црниот дроб. Секундарната улога на железото е создавање миоглобин, битен пигмент на мускулите, кој е важен бидејќи го транспортира кислородот до мускулите, на тој начин се обезбедува енергија која ја трошиме за време на физичка активност. Железото го поттикнува растот, отпорноста на болести, спречува појава на замор, ја одржува концентрацијата и дава ментална свежина и будност. Лошите резултати во спортот можат да бидат последица на недостиг на железо. За да ни бидат мускулите јаки, потребно е да се достави многу кислород.

ЗАСТАПЕНОСТ И ИСКОРИСТУВАЊЕ: Од сите минерали железото е најмалку застапено во нашата исхрана, бидејќи мал број намирници се негов навистина добар извор.

Железото многу подобро се искористува од животинските производи во однос на растителните. Ресорпцијата ќе ја подобри витаминот Ц, па се препорачува со намирници богати со железо да се испие лимонада или да се изеде портокал. Потрошувачката на железо ќе биде помалку ефикасна доколку со него се внесуваат намирници богати со калциум, како што е млекото. Исто така, и кофеинот кој најмногу го има во кафето и чајот го отежнува искористувањето на железото од намирниците.

Железото во храната се наоѓа во облик на неоргански соли и органски соединенија. За да се искористи железото од храната, мора да се сведе во растворлив облик. Најмногу железо има во црн дроб, мешунки, магдонос, рен, месо од дивеч, житни растенија, бадем, семки од тиква, суво овошје, месо од домашни животни, школки, некои зачини, индиски чај и ’ржан леб.

НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО: Како резултат на слабо внесување на овој елемент или поголеми загуби на крв, се појавува недостиг на железо, што се гледа во недоволната количина на хемоглобин и појава на анемија. Меѓутоа, и преголемите количини на железо можат штетно да влијаат на општата состојба на здравјето и функцијата на црниот дроб. Недостиг на железо може да се јави како резултат на намален внес преку храна (особено ако се јаде само растителна храна), операција на желудник и дванаесетпалчено црево (намалена е ресорпцијата), хронично крварење, продолжени и обилни менструации, бременост и доење, како и разложување на еритроцитите при некои болести.

СИМПТОМИ НА АНЕМИЈА

ПРЕВЕНЦИЈА НА АНЕМИЈА

  1. Да се избегнува алкохол, кафе и пушење (бидејќи ја намалуваат апсорпцијата на железо).

  2. Да се форсира исхрана со намирници богати со железо и витамин Ц.

  3. Редовни физички активности со умерен интензитет (трчање, пешачење, шетање).

  4. Да се престојува на свеж воздух.

  5. Да се консумираат намирници кои содржат бакар и манган ( ја подобруваат активацијата на железото во организмот), како што се морски плодови, лешници, бадеми, грав, леќа, соја, сусам, семки од тиква, интегрални житни растенија, банана, суви кајсии и сливи.

  6. Да се избегнува земање железо заедно со млечни производи, бидејќи ја намалуваат неговата апсорпција.


ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>