Фармацевти
Контакт

<< Назад

Уметност на рециклажата

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

Држач за свеќи

Рециклажа не е само одвојување и распределување на ѓубрето, туку и преименување на предметите кои повеќе не ни се потребни, кога од нешто старо и исфрлено ќе се направи нешто сосема ново и интересно

Уметноста на рециклажата е предизвикувачки уметнички поджанр, во кој креативно се изразуваат врвни уметници, но и обични луѓе кои со малку фантазија и материјал од стар, неупотребен и исфрлен предмет ќе направат нешто сосема ново и употребливо. А што има понепотребно од расипани продолжни кабли за струја, резервирани само за ѓубре?

Меѓутоа, дури и од стари продолжни кабли, со три или повеќе места за приклучоци, може да  се направи атрактивен украс за домот. Затоа, не ги фрлајте, туку трансформирајте ги во интересни држачи за свеќи, кои ќе му дадат свечен тон на вашиот дом.

Од материјал потребни ви се продолжни кабли, акрилни бои, пулејки, четкички и малку алат за да го пресечете кабелот за струја. Ако планирате сето ова да го правите со деца, прво без нив пресечете ги каблите. За украсување, покрај бои и пулејки, можете да употребите и самолепливи тапети, налепници, коноп и сè на што ќе се сетите. Ние „облековме“ три продолжни кабли, првиот во интензивна црвена боја и го украсивме со апстрактна шара, вториот има три Снешковци на зелена заднина, а третиот е комбинација на сиви точки на бела основа и зелени апстракни шари со пулејки. Кога ги ставивме свеќичките и ги запаливме, светнаа во полн сјај.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>