Фармацевти
Контакт

<< Назад

УНИКАТНА МАИЦА

август 1, 2018

Вештите раце прават чуда

 

Некои парчиња облека некогаш со месеци трпеливо чекаат да се сетиме на нив. Наместо да собираат прашина во гардероберите, ние ви предлагаме да им дадете нов живот.

 

Автор Светлана Сушиќ

 

Сите знаеме како изгледа кога некое парче облека едноставно мора да го купиме во одреден момент. Го носиме дома, ќе го облечеме еднаш или двапати и потоа го ставаме на сигурно место, во гардероберот, каде во текот на наредните месеци уредно го прескокнуваме при комбинирањето облека. Решението на оваа ситуација обично се движи во два правца. Еден е оној кој подразбира дека когаш-тогаш ќе мора да се решиме од вишокот облека од својот гардеробер, за да ослободиме простор за нова гардероба. Ова, секако, е избор кој го поддржуваме, но, сепак, со мала задршка. Добро погледајте ја облеката која одамна не сте ја облекле и изберете парчиња кои со малку фантазија може да добијат сосема нов изглед. Тоа е тој втор правец, кој, освен што ви дозволува да ја искажете сопствената креативност, придонесува за вашиот буџет, а вас ве прави препознатливи по единствениот моден стил.

Маицата, која, од сосема непознати причини, веќе долго ја заобиколувате, може да стане атрактивно парче облека, кое ќе го носите како за одење на плажа или во продавница, така и за опуштени летни вечерни излегувања. Потребни ви се остри кројачки ножички, креда, шарени бисери, игла, конец и малку трпение.

 

Прв чекор

Обележете со креда линија од 10 сантиметри на предната страна на маицата, под делот околу вратот. Водете сметка линија да биде подеднаква кон левата и десната страна.

Втор чекор

Исечето ја со ножички маицата во круг, под делот околу вратот, така што делот кој сте го обележале со креда ќе остане неисечен.

Трет чекор

Делот околу вратот свиткајте го кон напред, потоа обележете со креда линии кои се протегаат од неисечениот дел до средина на рамената, кон левата и десната страна.

Четврти чекор

Отсечете го обележаниот дел, при тоа внимавајте делот околу вратот да остане неоштетен.

Петти чекор

Сошијте бисери на делот околу вратот, во склад со вашиот вкус и моментно расположение.

Шести чекор

Уживајте во своето ново-старо парче облека и не заборавете во гардероберот да побарате некој дел од гардеробата на кој ќе му дадате втора шанса да заблеска заедно со вас.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>