Фармацевти
Контакт

<< Назад

Уникатни ешарпи

март 25, 2016

[vc_column width="1/1"]Катарина Вијатов

Еднобоен мек материјал од вискоза, памук или свила е совршена подлога креативно да се изразите цртајќи пролетни мотиви за ваш единствен моден додаток

Дека минатогодишната пролетна гардероба може убаво да се освежи со нови ешарпи, знае секоја жена. Уште ако се уникатни, зашто сами сте ги направиле, резултатот е полн моден погодок.

Наместо купување скапи, уникатни ешарпи, побарајте во продавниците за материјали ткаенини кои ви се допаѓаат и се во склад со вашата гардероба и купете 32 см дупла ширина. Кога материјалот ќе го порабите, ќе имате единствена ешарпа со стандардни димензии 30 х 140 см.

20

Ако сте расположени за цртање, тогаш набавете и еднобоен мек материјал од вискоза, свила или памук, зашто добро примаат боја. Потребни ви се и неколку маркери во различни бои, како и време и идеи што ќе цртате. Не заборавајте цртежот да го фиксирате со загреана пегла.

Цртежот воопшто не мора да биде совршен, напротив. Весели цвеќенца, ликови од цртани, маче, листови, кругчиња, изгледаат убаво и неповторливо. Свечена ешарпа ќе добиете ако на материјалот со лепак му фиксирате пулејки во слободна шара или облик, да речеме, риба и пеперутка. Ешарпите кои сами сте ги направиле и насликале, исто така, се прекрасен и единствен подарок.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>