Фармацевти
Контакт

<< Назад

Упатство за пациентот

март 25, 2016

[vc_column width="1/1"]Душан Гољиќ
м-р по фармација

Клучна порака: Пред употреба детаљно да се проучи упатството. За контрадикациите, мерките на претпазливост и несаканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт

На сите ни е познат информативниот блок кој на телевизија го следи претставувањето на некој фармацевтски производ. Меѓутоа, големата фреквенција од овие реклами често доведува до презаситување од информации, па многумина ги игнорираат или дури моментално ја забораваат клучната порака. Читајќи го приложеното упатство, може да нè збуни комплицираната терминологија. Ова може да доведе до неисправно информирање или погрешно земање терапија.

Упатството за пациентот мора да се најде во секоја кутија во лекот или препаратот што го зема во аптека. Увозниците и произведувачите на лекови и медицински  средства законски се обврзани во документацијата за регистрација да го предадат концептот од ова упатство. Приложеното упатство е подеднакво важно како и самиот лек, зашто со негова помош дознавање за што е лекот наменет, дали смееме да го користиме и како адекватно да го дозираме. За да ја избегнеме конфузијата во толкувањето и да го засилиме ефектот на лекување, мораме да ја разјасниме терминологијата.

Индикацијата поблиску ја одредува правилната употреба на лекот. Поточно, под индикации подразбираме заболувања за чија терапија е наменет лекот. Во зависност од биолошките карактеристики на активната супстанција, препаратот може да биде широко индициран (лекување повеќе различни болести) или тесно индициран (наменет како терапија на едно специфично заболување).

Контраиндикација е термин кој означува кога лекот не треба да се користи. Значи, ако лекот е контраиндициран кај обилни крвавења, тоа значи дека лицата што имаат отворена рана или губат крв покрај нормалниот физиолошки процес не смеат да го употребуваат. Некогаш употребата на едно средство е контраиндицирана ако истовремено се користи некој друг лек, што значи дека тие две никако не смеат да одат заедно.

Под мерки на претпазливост се подразбира дека лекот носи одреден ризик, доколку го користи посебна група на пациенти. Мерки на претпазливост не значи дека препаратот не треба да се зема, туку дека треба да се консултира здравствен стручњак. Лекарот и фармацевтот ќе ја разгледаат користа која ја добиваме од земањето терапија и ќе ја споредат со потенцијалната штета која може да настане и ќе ни дадат соодветна инструкција за употреба.

Несакани реакции на лекот можат да се појават и кај адекватно индицирани употреби на препаратот. Значи, одредени несакани дејства статистички може да се јават, иако пациентот ја зел терапијата правилно и по советот од лекар. Постојат полесни или потешки несакани дејства и можат да се јават почесто, повремено или ретко. Доколку некој почувствува несакани ефекти од терапијата, треба да  престане со земање на истата и веднаш да се обрати кај својот здравствен стручњак.

Останатите информации што можеме да ги најдеме во упатството зборуваат за составот на производот. Покрај активните супстанции, секој лек содржи низа од помошни средства кои служат како структурни состојки, а тука се за да го олеснат индустриското производство или дури да ги подобрат перформансите на самиот препарат. Лицата кои се склони кон алергии секогаш би требало да го прочитаат комплетниот состав на секој нов фармацевтски производ.

Медицинската терминологија може да биде конфузна или преобемна за разбирање во едно читање. Решението го наоѓаме во пораката која ни ја испраќаат медиумите. При земањето нов лек исправно е, и во наш најдобар интерес, веднаш да се консултира лекар или фармацевт.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>