Во книгата „Совршен неред: скриени добробити на хаосот“, авторите Ерик Абрахамсон и Давид Фридмен, развиле теорија според која нередот е одлика на паметните луѓе, а креативноста избива од хаосот, додека уредноста ја убива фантазијата. „Нередот не е отсуство на ред. Неуредна маса може да биде крајно ефикасна, бидејќи поитните задачи се поблиску до корисникот, додека оние кои може без опасност да се игнорираат се закопани вон дофатот на рацете“, велат овие двајца психолози. Со нив се согласува и докторката Кетлин Вош, чии ергономски истражувања покажале во пракса како неуредното опкружување ја поттикнува креативноста. Испитаниците кои во неуредна соба требале да најдат замена за пинг-понг топче, изнаоѓале далеку покреативни решенија, од оние кои на располагање имале уредна просторија. „Хаотичното опкружување поттикнува неконвенционално размислување, далеку од вообичаеното“, заклучила докторката.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци