Емилија Бутикоска
м-р по фармација
Европа Лек Фарма ДООЕЛ
|
Создадена во срцето на француските Алпи, на 4800 m надморска височина, термалната вода го започнува својот пат долг 75 години. Во текот на ова патување се раѓа вода со уникатен состав од минерали и олигоелементи во концентрација од 11g/L, што ја прави најбогата минерална термална вода во светот.
Изворот на термална вода постои 2000 години. На изворот е изграден термален центар кој постои 200 години и во овој центар се лекуваат пациенти со дерматолошки проблеми на кожата.
Термалната вода овозможува длабока 24-часовна хидратација на кожата, штити од слободни радикали, омекнува, освежува, ја фиксира шминката, после 1 час од нанесувањето ја зголемува хидрираноста на кожата за 32 %. Составен дел е од Uriage производите за бебиња, деца и возрасни.
Во дерматологијата се користи при инфламаторни дерматози, оштетување на кожата предизвикано од површински изгореници, постоперативни рани, во зоната на пеленската регија кај бебињата при појава на пеленски осип.
EAU THERMALE линијата на Uriage е наменета за секојдневна нега, хигиена и хидатација на кожата. Соодветна е за сува, нормална и комбинирана кожа. Кремите овозможуваат 24-часовна хидратација, имаат немасна и нелеплива структура и брзо се апсорбираат, ѝ даваат на кожата негуван и блескав изглед. Сите производи се без парабени, хипоалергени, некомедогени.
Колекцијата се состои од голем број на производи за:
- Нега на лице (есенција, крем, серум, маска, крем за околу очи)
- Нега на тело (млеко за туширање, лосион за тело)
3 чекори до блескава кожа:
- Исчистете ја темелно вашата кожа со Uriage мицеларна вода.
- Освежете го лицето со Uriage термалната вода во спреј.
- Нанесете на лицето EAU Light или EAU rich крем за лице и дополнително околу пределот на очите нанесете EAU eye cream.
Сите производи се без парабени, хипоалергени, некомедогени.
За детално читање на овој текст, погледнете на 13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2021).