Фармацевти
Контакт

<< Назад

Уринарни инфекции

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

Превенција, рани симптоми, лекување

проф. д-р Дејан Драгичевиќ, спец. уролог

Секој со промени во мокрењето, болки во долниот дел од стомакот и промени во мочта треба да побара помош од лекар
Иако блага уринарна инфекција може да биде малку непријатна, сериозна инфекција (кога ќе се прошири на мочниот меур и бубрезите) може да го направи одењето во болница непходно. Важно е да бидете во состојба да препознаете кои се раните симптоми на уринарна инфекција, за да го започнете лекувањето што порано.

Симптоми на уринарна инфекција
На кои симптоми треба да се обрати внимание?
Кај различни луѓе се создаваат различни симптоми. Не очекувајте секој од споменатите симптоми да се најде на вашата листа. Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:

- Честа потреба за мокрење
- Ургентна потреба за мокрење, но со многу малку или без урина
- Течење на урина
- Чувство на печење при уринирање
- Непријатен притисок над пубичната коска
- Болка или чувство на печење дури и кога не мокрите
- Матна, темна моч, понекогаш дури со боја која потсетува на млеко
- Крв во урината
- Јак или непријатен мирис на мочта
- Се чувствувате болно, исцрпено или имате треска
- Болка за време на сексуален однос
- Болка во пенисот (кај мажи)

Симптомите на уринарна инфекција кај децата се слични:
-Необјаснета и упорно присутна покачена температура
-Надразнетост
-Пореметување во исхраната
-Губење на контрола над цревата и мочниот меур
-Пролив

Многу е важно да се нагласи дека, за разлика од возрасните, кај децата има многу поголеми шанси да се јави висока температура, без кои било други симптоми на уринарна инфекција. Ако вашето дете постојано, без објаснување има покачена температура, би требало да ја разгледате и можноста дали е во прашање уринарна инфекција, особено ако сте забележале проомени во неговите навики кога  во прашање е мокрењето. Нови епизоди на мокрење во кревет се следен знак кој би можел да сугерира присуство на уринарна инфекција кај дете.

Симптомите на уринарна инфекција кај постарите пациенти, исто така, се тешки за следење. Единствени знаци може да бидат конфузија, или други ментални промени. Сепак, уринарните инфекции кај постарите значајно го зголемуваат ризикот од компликации опасни по живот, како што се инфекција на бубрезите или инфекција која се шири преку крвта. Кај постарите луѓе уринарната инфекција може да води и во инфекција на простатата, која тешко се лекува. Многу е важно да се реагира на време со соодветна терапија.

Совети за превенција
Лична хигиена: Прв и најважен фактор во спречување на појава на уринарна инфекција. Секојдневно одржувајте го чисто вашето генитално подрачје и менувајте влошки и тампони редовно за време на менструацијата.

 Бришете се од напред кон назад: Водете сметка за ова, особено по голема нужда. Повеќето уринарни инфекции се предизвикани од ректална бактерија која го напаѓа вашиот вагинален регион. Ако не сакате да £ помогнете на бактеријата, водете сметка за ова, во спротивно ќе £ го олесните движењето.

Пијте доста вода: Водата помага за измивање на бактериите во уринарниот тракт и така го намалува ризикот од уринарна инфекција. Не мора да претерувате. Само бидете сигурни дека бојата на урината е бледо жолта, а не темно жолта. Бојата може да покаже дали внесувате доволно вода.

Уринирајте секогаш кога имате потреба не трпете: Празнењето на мочниот меур кога вашето тело ќе почувствува потреба е многу важно за зачувување на здрав мочен меур.

Избегнувајте производи кои можат да ги надразнат гениталиите: Користењето дезодоранс, пудер или туш во пределот на гениталиите може да го надразни мочниот канал.

Носете само долна облека од памук: Онаа која не е од памук го зголемува ризикот од уринарна инфекција, бидејќи послабо ја апсорбира влажноста и со тоа се создава добро опкружување за развој на лоши бактерии.

Повеќе туширајте се, помалку лежете во када: Топлата купка создава добро опкружување за развој на лоши бактерии.

Избегнувајте создавање запек: Запекот го зголемува бројот на бактерии кои се создаваат во подрачјето помеѓу вагината и анусот. За полесна работа на цревата најважна е исхраната.

Проверете го нивото на естроген во телото: Тој, меѓу другото, служи како плодно тло за развој на добри бактерии, ја намалува шансата за развој на лоши бактерии во вашиот мочен меур. Тоа се постигнува со задебелување на клетките околу влезот во мочниот меур и лачење на телесни течности за време на сексуален однос. Најчест знак за ниско ниво на естроген е сува вагина, и овој феномен најчесто е посебно изразен во менопауза. Задолжително консултирајте лекар во врска со ова.

Диетата задолжително да содржи и сок од брусница и јогурт: Жените кои редовно консумираат сок од брусница и/или ферментирани млечни производи, помалку се подложни на уринарни инфекции. Сокот од брусница ја зголемува киселоста на мочта. Оваа киселост ја намалува pH вредноста на мочта, отежнувајќи им на тој начин на лошите бактерии да се задржат на ѕидот на мочниот меур. Само водете сметка да не се додадени шеќери или адитиви. Користете 100 % сок од брусница и обичен јогурт со помал процент на маст.

Во вашето дневно мени додадете овошје и зеленчук богати со витамин Ц : Витаминот Ц го јакне вашиот имунолошки систем и произведува киселост на урината, која помага да се намали присуството на бактерии. Минимизирајте го консумирањето алкохол, кафе, чај и газирани пијалаци.

Воспаленија на мочниот систем
Воспаленијата на мочниот тракт се многу чести. Подеднакво се јавуваат и кај жените и кај мажите. Најчести причинители се бактериите Echerichia coli (E. coli) и Enterokokа. Тие бактерии вообичаено се наоѓаат во цревата на луѓето. При пад на имунитет или некое пореметување тие можат да преминат во мочниот тракт каде предизвикуваат воспалителни промени. Воспаленијата на мочниот систем ги делиме на уретритис, циститис, простатитис и пиелонефритис. Во 80% од првите и акутни воспаленија причинител е E. Coli.

Воспалението на мочниот меур се карактеризира со зачестено, отежнато и болно мокрење со печење во мочната цевка. Мочта е матна, со потемна боја, понекогаш и крвава. Кога станува збор за првиот, изолиран случај на воспаление на мочниот меур кај млади жени, доволна е тридневна антибактериска терапија без утврдување на причинителот на болеста. Во сите други случаи потребна е бактериолошка анализа на мочта, т.е. утврдување на причинителот на болеста. Терапијата трае 7 дена. После терапијата во поголем број случаи доаѓа до излекување. Ако не дошло до излекување, или воспалението се повтори, потребно е да се повтори терапијата со антибиотици. После тоа се спроведува профилактичка антимикробна терапија во траење од 3 до 6 месеци.

Мажите често се жалат на различни потешкотии при мокрењето. Без разлика на симптомите, мажите над 45 години би требало еднаш годишно да одат на уролошки преглед.

Освен воспаление на мочниот меур, E. Coli може да предизвика и воспаление на бубрезите, а кај мажите воспаление на простатата, па заради превенција треба да се избегнува: студ, алкохол, газирани пијалаци, лута храна. Ако воспаленијата се повторуваат, потребна е дополнителна дијагностика за да се исклучи постоење  камен во мочниот систем, аномалија на мочниот систем или други патолошки процеси.

Потребно е задолжително да се направи ултразвучен преглед на мочниот систем и според потребата понатамошни посложени дијагностички постапки. Кај терапии предизвикани од бактерии треба да се води сметка за отпорноста на бактеријата на антибиотици. Затоа е важно кај сите комплицирани и рецидивирачки воспаленија да се направи уринокултура со одредување на чувствителност на антибиотиците на бактерија. Така ќе се намали непотребно и неефикасно земање  антибиотици. Секое отежнато мокрење, печење во текот на мокрењето, ноќно мокрење или крв во мочта бара преглед кај уролог без разлика на возраста.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>