Превентива и третман со пробиотици и Д-маноза
Уринарните инфекции се манифестираат како воспаление на: уретрата (уретритис), мочниот меур (циститис) и на бубрегот (пиелонефритис)
м-р по фармација
автор: Соња Пецевска
На секој човек во одрeден период од животот може да му се случи појава на уринарна инфекција, а одредени состојби и болести како дијабетес, мултипла склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик-фактори за појава на вакви инфекции. Најчест предизвикувач на уринарни инфекции е бактеријата
Escherichia coli, која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други бактерии кои предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, ентерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливи болести ‒ хламидија и микоплазма.
Уринарните инфекции на мочните канали и на мочниот меур се непријатна и болна појава која многу почесто ги засега жените. Ако циститисот не се лекува соодветно
Е.coli преку мочоводот може стигне до бубрегот и да предизвика воспаление на бубрезите (пиелонефритис). Се смета дека секоја петта жена се соочува со уринарна инфекција во одреден период од својот живот. Главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, кое го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто
Escherichia coli) кон уринарниот тракт. Исто така, кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите.
Симптоми
Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:
- Болка при мокрење кое се одвива доста тешко (честопати пациентите велат „само неколку капки“);
- Печење при мокрење, неколку капки крв се појавуваат на крајот на мокрењето;
- Болка или грчеви во долниот дел на стомакот, веднаш над срамната коска;
- Температурата на телото обично не е покачена, и ако е обично не надминува 37,5 0C;
- При преглед на пациентот најчесто има само блага чувствителност во долниот дел на абдоменот и тоа во централниот дел;
- Течење на урина (уринарна инконтиненција);
- Болка или чувство на печење дури и кога не мокрите;
- Матна, темна моч, понекогаш дури со боја која потсетува на млеко;
- Јак или непријатен мирис на урината;
- Се чувствувате болно, исцрпено или имате треска;
- Болка за време на сексуален однос;
- Болка во пенисот (кај мажи).
Симптоми кај деца
Симптомите на уринарна инфекција кај децата се слични:
- Температура без респираторни симптоми кај доенчиња, детето е иритабилно и општата состојба е афектирана;
- Слабо напредување во телесна тежина, повраќање, често плачење или слаб апетит кај доенчето;
- Симптомите кај постари деца вклучуваат често мокрење, новозапочната енуреза, дизурија и стомачна болка по празнење на меурот;
- Родителот забележува дека урината мириса непријатно.
Превенцијата е од клучно значење
Со оглед на тоа што рецидивот на уринарните инфекции е честа појава, а нивниот несоодветен третман може да предизвика сериозни компликации на уринарниот систем, превенцијата е од клучно значење и за децата и за возрасните. Добрата вест е што тоа можеме да го направиме со потполно природни препарати и честопати да ги избегнеме антибиотиците.
Антрфиле
Д-маноза ‒ број 1 природен агенс во третманот на уринарни инфекции
Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи како природен препарат за отстранување на
E.coli од уринарниот тракт. Токму благодарение на Д-манозата, брусницата е ефикасна во лекување уринарни инфекции. Оваа состојка сега е извлечена од растенијата и во доза од 2 грама (во додатокот во исхрана
UriRoyal) е доволна со бактериите
E. coli да формира коагрегати кои потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Ефектот на Д-маноза е 10-50 пати посилен од сокот од брусница. Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите. Овој ефект уште повеќе се засилува и се надополнува со пробиотската габа
Saccharomyces boulardii. Таа директно го инхибира растот на патогените и ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство). Таа има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат
E. coli бактериите и на тој начин помага да се отстранат од телото. Со неутрализирање на
E. coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Препорачана доза на Д-маноза е 2 г на ден да се испие со чаша вода, најмалку седум дена едноподруго.