Фармацевти
Контакт

<< Назад

ВЕРТИКАЛНИ ГРАДИНИ

мај 1, 2018

Ваша лична градина од фантазијата

Aвтор: Светлана Сушиќ

Урбаните средини на своите жители често не им оставаат многу простор за одгледување цвеќе. Вертикалните градини се вистинско решение на овој проблем.

Според старата индиска поговорка, оној кој сака да биде среќен цел живот би требало да одгледува цвеќе. Ова благородно хоби позитивно влијае на нашата духовна рамнотежа, а често за огледување цвеќе е потребно многу помалку време отколку што мислиме. Одгледувањето цвеќе, а во последно време и градинарски култури, во систем на вертикални градини, од ден во ден има сè повеќе следбеници. Со малку труд дел од ѕидот на вашата тераса или вашиот стан, може да стане ваша лична градина од фантазијата. Потребно ви е малку трпение, неколку пластични шишиња (секундарната употреба на материјалот за рециклажа секогаш наидува на одобрение од страна на екологистите), кеси со земја за цвеќе и неколку убави растенија. Ден и ноќ е растение за кое се одлучивме ние, затоа што не бара многу, успева и во полусенка, а многу е отпорно на студ.

До висечка градина во осум чекори:

  1. Секој вистински градинар има подготвен алат за својот занает. Овој е приспособен за димензиите на идната градина.

  2. Остри ножички и маркер или молив за обележување се составен дел за сите „направи сам“ проекти.

  3. Пластичното шише може да биде во боја, а може да биде и проѕирно. Во овој втор случај убав визуелен ефект дава користењето на ситен разнобоен чакал како подлога за земјата и растението. Пред употребата идната „саксија“, секако, треба добро да се измие од претходната содржина.

  4. Коноп, украсни ленти, разнобојна волница... Што било што ќе ви се најде при рака, ви се допаѓа, а е доволно силно да ја издржи тежината на закачените шишиња.

  5. Обележете четири точки кои ќе ги означуваат четирите агли на идниот отвор за растенијата.

  6. Со остри ножички исечете правоаголен отвор, водејќи сметка да оставите доволно пластика од секоја страна, така што шишето ќе остане цврсто и нема да се витка.

  7. Наполнете го шишето со земја.

  8. Внимателно посадете ги избраните растенија и со нежно притискање прицврстете ги во нивниот нов дом. Внимателно полевајте ги, овде не се дупати дупки за одвод на вишокот вода.


Кога градината е подготвена, ви преостанува уште само да пронајдете место каде ќе ја поставите. Можете да ги закачите шишињата едно над друго, едно покрај друго, како просторот и фантазијата ви овозможуваат. Водете сметка дека не сите растенија сакаат директна изложеност на сончева светлина, така што при правењето градина прво би требало да одлучите каде таа ќе стои, а дури потоа да ги изберете нејзините жители.

Оваа техника во последно време има сè почеста примена во одгледување зачински билки за користење во кујната. Љубителите на кулинарството добро знаат какви предности има свежо набраното ароматично лисје над она сушеното, затоа ваквите градини се чест дом за оригано, мајчина душица, власец и многу други состојки на вкусните специјалитети.

Среќно и цветно!

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>