Фармацевти
Контакт

<< Назад

Весели светилки

декември 1, 2016

Украси за елка од бајкитеБојана Бугарски

Зачекоривме во декември, месец во кој почнува зимската магија, кога накитените улици го оживуваат празничниот дух, а во домот внесуваме топла атмосфера со декорации и осветлување

Украсувањето на елката со домашните е неизбежна и веројатно една од највозбудливите случки пред празниците, посебно за најмалите. Некои купуваат секоја година нови украси, додека поголемиот дел ги користат истите од година во година. Доколку сакате да внесете промени и во вашиот дом да светне уникатна елка, а притоа да не потрошите многу пари за новогодишен декор, ние имаме прекрасна идеја.

Не брзајте со фрлање на прегорените светилки, чувајте ги и дајте им нов живот. Сè што ви треба е малку креативност, желба и слободно време за со леснотија да ги претворите во весели новогодишни украси.

1За рециклирање на старите светилки потребни ви се разни ленти, ткаенини или коноп со кои украсите ќе ги закачите на елка, како и темперни бои, фломастери, разнобојни светки во прав, лепило, четкички... Разбудете ја фантазијата, играјте си, цртајте ги, обојте ги... На вас е да одлучите сакате ли елегантни и свечени украси или светилките ќе ги трансформирате во омилени ликови како Снешко или Дедо Мраз... Веруваме дека секој украс ќе го најде вистинското место на елката.

Сега кога сте внеле вистинска зимска магија во домот, остана уште да размислите за желбите и онаа една специјална посакајте ја во новогодишната ноќ, кога стрелките на часовникот на полноќ ќе се поклопат.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>