Фармацевти
Контакт

<< Назад

ВЕЖБИ НА ОТВОРЕНО

август 5, 2015

[vc_column width="1/1"]Милан Станковиќ

Природата е отворена за вежбање 24 часа на ден, со бесплатно членство, па убавото и топло време треба да се искористи за вежби на отворено, одбојка, пливање, пешачење и трчање, размрдување, јога и гимнастички вежби за кои не е потребна посебна опрема

ВЕЖБИ ЗА ДИШЕЊЕ: Наместо да дишете од белите дробови, научете тоа да го правите од стомакот, помалку ќе се заморувате и помалку ќе го губите здивот. Застанете право, во расчекорен став, со малку свиткани нозе во колена. Полека кревајте ги рацете кон небото, и за тоа време вдишувајте воздух. Пуштете рацете да паднат и во исто време брзо и гласно издишете. Повторете 20 пати. Направете ја неколку пати и оваа вежба: пет пати вдишете длабоко, а потоа издишете, ќе видите какво е уживањето во чувството дека навистина можете до крај да го издишете воздухот.

ЈОГА НА ПРОСТИРКА: Нема поубаво и подобро место за вежбање јога од брег на море, река и близина на шума. Застанете право со стапалата во ширина на колковите и рацете покрај телото. Со вдишување подигнете ги рацете, како да се истегнувате и полека, со издишување, прешлен по прешлен спуштете ги рацете до подот или до потколениците. Повторете неколку пати. Потоа спуштете се на колена. Дланките ставете ги на под, под рамената и направете ја положбата „мачка“, истегнувајте го ’рбетот како што се протегнува мачка, со вдишување, а со издишување заоблете го ’рбетот, спуштете ја брадата на градите и вовлечете го стомакот. Повторете 10 пати. Легнете на стомак, со дланките на подлогата под рамената, со вдишување полека одвојувајте ги градите од подот, испружувајќи ги рацете во лактите. Потоа малку свиткајте ги рацете во лактите, толку колку колковите да се спуштат на под и задржете неколку вдишувања и издишувања. Оваа вежба е „кобра“. Легнете на грб со дланките свртени кон небото и внимателно поминувајте низ телото, опуштајќи го. Почувствувајте ги нозете, рацете, трупот, вратот и главата. Седете во мир и дишете длабоко.

Во природа може да се прави размрдување, да се игра тенис, хокеј на трева, одбојка на песок и други игри со топка, може да се трча по обележани шумски патеки, да се вози велосипед или да се пешачи. Што и да изберете, ќе се наполните со енергија и ќе се релаксирате.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>