Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вежби според типот на градба на телото

август 1, 2017

Ненад Алексиќ

Целта на секое вежбање е зголемена кондиција, координација, брзина и подвижност, но и обликување на телото. Поради тоа многу е важно секој да ја одреди својата телесна градба и во договор со тренер да го конципира вежбањето за трудот да ги има саканите естетски ефекти. На пример, кој има купни колкови и нозе треба да избегнува вежби со тегови за долни екстремитети, зашто во спротивно уште повеќе ќе ги зголеми. Она што е заедничко за сите типови градба се вежбите за јакнење на кондицијата и намалување на телесната маса во случај на дебелина.

ТИП КРУША: Крушковидниот облик на телото или облик „А“, подразбира покрупни колкови и бутови. За овој тип на градба се препорачуваат вежби кои ги јакнат мускулите на рацете, градите, рамениот дел, грбот, како и вежби за затегнување колкови, задник и нозе. Акцентот треба да биде на вежбите за дефинирање на горниот дел на телото и јакнење на тонусот на долниот дел од телото. Од групните спортови се препорачуваат одбојка и ракомет. Одлично е и трчањето, склекови за дефинирање рамења, пилатес вежби со кои се истегнуваат мускулите на нозете (лежење на страна и подигнување на нозе до висина на колкот), како и јога вежби за подобро држење на рамењата.

ТИП ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК: Овој тип на градба се одликува со поизразени гради, тесна половина и складни колкови, и не бара никакви посебни „мерки на внимание“ при изборот на вежби, зашто телесната маса е складно распоредена. Вежбањето треба да го поддржува природниот склад на горниот и долниот дел на телото и да се работи на различни групи на мускули.

ТИП КОРНЕТ: Телесната градба во облик на буквата „V“, или корнет, се одликува со пошироки рамења од колковите, односно потесен долен дел на телото во однос на горниот. Акцентот при вежбањето треба да биде на долниот дел на телото, а вежбите конципирани така да ја засилуваат мускулната маса на нозете, колковите, задникот. Се препорачуваат чучњеви, ленти за трчање со наклон, степери, користење еластични ленти и тегови за вежби на нозете, брзо одење.

ТИП ЈАБОЛКО: Ваква градба на телото се нарекува и „О“ облик, зашто средниот дел на телото е најизразен. Се препорачуваат вежби со кои се губи телесната маса, се јакнат стомачните мускули, како и мускулите од рамениот појас и нозете. За овој тип на градба одлично е пливањето, како и сите вежби со топка. Согорувањето на масните наслаги се постигнува со кардиопрограма. Корисни се и возење со велосипед и вежби за отпор со растегливи ленти, пилатес вежби со топка како стомачни и сите оние кои ги активираат мускулите од половината и стомакот.

ТИП ПРАВОАГОЛНИК: Лицата чија градба личи на буквата „H“ имаат рамења, половина и колкови речиси со иста ширина и ако не се дебели, изгледаат атлетски. Акцентот при вежбање треба да биде на половината, па се препорачува и користење  хула-хоп и јаже за прескокнување. Трчање во природа или на подвижна лента, пилатес вежби со топка, вежби за обликување на колкови и задник како чучњеви и чучњеви во расчекор  се дел од препорачаниот тренинг.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>