Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вежби за заздравување

март 1, 2017

После секојдневно и долго седењеНашето тело многу страда од долготрајно седење, кое е лошо за р՚бетот, зглобовите, циркулацијата и целиот организам. Поради недостиг од активности нè болат грбот, главата, рамената и вратот, се јавуваат грчеви, отекување и вкочанетост, а можат да се развијат и разни болести. Постојат неколку основни вежби кои можат да помогнат при  долгото седење, но ако телото страда од акутна или хронична болка, прво посоветувајте се со лекар.

Ако работата ни е седечка, би требало на секои 45 минути да станеме и да прошетаме пет минути, со неколку вежби за истегнување. Специјалистите по медицина им препорачуваат на сите кои седат осум часа на работното место барем два часа да стојат, на пр., додека телефонираат. Исто така, кој долго седи подобро да вежба три пати на ден по 15 минути отколку еднаш 45 минути.

Вежба 1: Застанете исправено со исправен грб и малку раширени нозе, раширете ги и исправете ги рацете, со испружени прсти под агол од 90 степени, па полека, без свиткување, подигнете ги во вис сè додека шаките не се допрат со врвовите на прстите над главата. Оваа вежба повторете ја 12 пати.

Вежба 2: Застанете исправено со рацете покрај телото и со дланките свртени кон подот, потоа свиткајте се во половината кон напред со исправени нозе и спуштајте ги рацете кон стапалата и подот, трудејќи се да го допрете. Оваа вежба повторете ја шест пати.

Вежба 3: Застанете исправено со рацете испружени напред и малку раширете ги нозете. Полека спуштајте се и чучнете, ширејќи ги рацете од телото. Оваа вежба повторете ја шест пати.

Вежба 4: Во исправен став ставете ги рацете на тилот со испреплетени прсти. Свртете се со половината прво на една, па на друга страна, вкупно 12 пати.

Вежба 5: Во истиот почетен став исправено со рацете на тилот, полека наведнувајте се лево, па десно, 12 пати.

Вежба 6: Легнете на грб со рацете на тилот, со испружени и малку раширени нозе, па подигнете се во седечка положба шест пати, трудејќи се да не ги свиткате нозете.

Вежба 7: Легнете на стомак, па со рацете фатете ги глуждовите на нозете како попивач и обидете се да се лулате во таа положба 10 секунди.

Вежба 8: Свртете се на грб во лежечка положба со собрани нозе, па полека подигнете ги со колковите на под. Направете ја оваа вежба 12 пати.

Вежба 9: Лежејќи на грб, раширете ги и свиткајте ги рацете во лактите, потпрете ги на подлога и фатете се за колковите, па направете свеќа. Останете во таа положба десетина секунди.

Вежба 10: Во исправена положба на врвовите на прстите подигнете ги рацете најмногу што можете над главата, како да берете овошје од високи гранки. Преместувајте се од нога на нога на прстите и истегнувајте се десетина секунди.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>