Фармацевти
Контакт

<< Назад

Висок крвен притисок

април 13, 2016

[vc_column width="1/1"]

Совети за лицата со хипертензија

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок или артериската хипертензија, односно крвниот притисок во крвните садови поголем од нормалниот, претставува хронична болест и e клучен за ризик од кардиоваскуларни болести. Високиот крвен притисок предизвикува промени во крвните садови, што предизвикува оштетување на мозокот, срцето, бубрезите и големите крвни садови. При одредувањето на вредноста на крвниот притисок се разликуваат систолен (горен) притисок и дијастолен (долен) притисок. Хипертензијата се дефинира како трајно зголемување на систолниот крвен притисок над 140 mmHg и/или дијастолниот над 90 mmHg.

Hipertonia_2_site

Што влијае на високиот крвен притисок?
Високиот крвен притисок не предизвикува болка и заболените во почетокот често не забележуваат никакво нарушување. Но, бидејќи станува збор за сериозна болест, здравите лица треба периодично да ги контролираат вредностите на крвниот притисок, особено оние во чии семејства има лица со хипертензија, бубрежни заболувања и оние кои имаат зголемена телесна тежина, зголемено ниво на масти во крвта, боледуваат од шеќерна болест или болест на тироидната жлезда.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Високиот крвен притисок може да се регулира преку усвојување на здрави животни навики – оттука на сите лица на кои им е дијагностицирана оваа болест се советуваат да престанат со пушење, редовно да практикуваат физичка активност, да го намалат консумирањето на алкохолни пијалаци, да внесуваат правилна исхрана и да избегнуваат стрес.

Видови хипертензија
Високиот крвен притисок се утврдува по неколку мерења во период од неколку недели или месеци. На секое заболено лице индивидуално му се поставува дијагноза за висок крвен притисок во зависност од состојбата на телото, но може да се каже дека вредностите од 140/90 до 159/99 mmHg укажуваат на блага хипертензија, вредности од 160/100 до 179/109mmHg умерена, а поголеми вредности од овие се знак на сериозна хипертензија. Освен мерење на притисок, се прават испитувања и на срцето, крвните садови, бубрезите и на хормоните од надбубрежната и тироидната жлезда.

АКО ВИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ – НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ ВИ ОДГОВОРИМЕ НА СИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ХИПЕРТЕНЗИЈАТА, ЛЕКОВИТЕ СО КОИ ИСТАТА СЕ ЛЕКУВА И ДОБРИТЕ НАВИКИ СО КОИ ХИПЕРТЕНЗИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ РЕГУЛИРА.

Важно е да ги промените животните навики
Лекувањето на хипертензијата зависи од вредностите на притисокот и другите придружни болести и состојби на организмот.
Лекувањето треба да го одржува целниот притисок, а лекарот во договор со пациентот одредува која е таа (индивидуална) вредност до која високиот притисок треба да се спушти. Доколку зголемувањето на притисокот е благо и ако нема придружни болести, пациентот може да се лекува само со промена на животните навики, што вклучува:
• Откажување од пушењето, бидејќи пушењето го зголемува крвниот притисок и ја забрзува работата на срцето, ги стеснува крвните садови и делува штетно на дишните патишта, дигестивниот систем и мозокот.
• Намалување на внесувањето на алкохол на помалку од две чаши вино или 0,5 dl алкохолен пијалак, што може да го намали систолниот притисок за 3 mmHg и дијастолниот за 2 mmHg.
• Намалување на внесот на сол за само три грама дневно ги намалува компликациите од хипертензија за 30% бидејќи ја намалува количината на телесни течности надвор од клетките. Дозволениот внес на сол е до 5 g на ден.
• Воведување на соодветна исхрана подразбира намалување на зголемената телесна тежина до пожелниот ITM (индекс на телесна маса) 25, а секое намалување на вишокот тежина за 5 kg ќе го намали систолниот притисок за 4,4 mmHg и дијастолниот за 3,5 mmHg. Правилната исхрана значи внесување помали количини храна која содржи големи количини интегрални житарки, зеленчук и овошје и мала количина црвено месо, маснотии и шеќери. Научно е докажана делотворноста на медитеранската исхрана и DASH диетата.
• Редовното практикување на физичка активност, приспособена на лицето, може да го намали систолниот притисок за 3,8 mmHg и дијастолниот за 2,6 mmHg. Важни се и аеробните активности како трчање, брзо одење, возење велосипед или пливање, три до четири пати неделно, во траење од барем половина час.
• Воведување на техники на релаксација за ублажување на последиците од секојдневниот стрес.

Лекување на хипертензијата со лекови
Високиот крвен притисок се лекува со лекови кои се нарекуваат антихипертензиви и што делуваат со различни механизми на намалувањето на крвниот притисок. Важно е заболеното лице точно да се придржува до упатството за употреба, самоиницијативно да не ја намалува дозата и да не прекинува со земањето на лекот бидејќи лековите не делуваат веднаш - потребно е време за да може да се утврди потребната комбинација на лекови и нивната доза со цел постигнување на саканиот ефект во намалувањето на крвниот притисок.

ВРЕДНОСТИТЕ ОД 140/90 ДО 159/99MMHG УКАЖУВААТ НА БЛАГА ХИПЕРТЕНЗИЈА, ВРЕДНОСТИТЕ ОД 160/100 ДО 179/109MMHG НА УМЕРЕНА, А ПОВИСОКИТЕ ВРЕДНОСТИ ОД ОВИЕ СЕ ЗНАК НА СЕРИОЗНА ХИПЕРТЕНЗИЈА.

Како правилно да го измерите крвниот притисок?
Крвниот притисок се контролира со калибриран сфингоманометар.
• Кога дома сакате сами да го измерите притисокот, правете го тоа помеѓу 6 и 9 часот и помеѓу 18 и 21 часот, во две последователни мерења на интервали од една минута за да добиете негова просечна вредност.
• Притисокот се мери на раката на која претходно била измерена повисока вредност. Непосредно пред мерењето треба да избегнувате пиење кафе и пушење, да го испразните мочниот меур и пет минути да се релаксирате и смирите.
• Подлактицата на рака на која се мери притисокот треба да биде поставена на стабилна подлога.
• Манжетната на апаратот за мерење притисок треба да биде поставена во висина на срцето и да седите со грбот потпрени на столот без да ги прекрстувате нозете.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>