Фармацевти
Контакт

<< Назад

Витамин Д

август 1, 2017

Важен за целиот организамНемања Стојиљковиќ
м-р инж.

Витамин Д е заедничко име за групација од десет стероли, кои спаѓаат во класата на органски молекули, неопходни за нормално функционирање на организмот, а од кои најважни се Д2 (ергокалциферол) и Д3 (холекалциферол). Неопходен е за метаболизмот на калциумот и фосфорот, правилен развој на коските и забите, функционирање на мускулите и нервниот систем, како и за одбрана од бактерии и вируси. Во организмот стигнува на три начини, со сончање, исхрана и суплементи.

Сончање: За дневна доза витамин Д добиена со сончање е потребно телото да се изложи на сончеви зраци до 20 минути, со постепено изложување и тоа без користење креми со заштитен фактор, што е потенцијално опасно. Ако имате чувствителна кожа, треба да се сончате по неколку минути во различни временски интервали. Исто така, бидејќи на нашата кожа и на организмот му е потребно време за апсорпција на витамин Д, добро е туширањето после сончање да се одложи за минимум еден час.

Исхрана: Витаминот Д го има во масната риба, како што се скуша, лосос, сардини, во жолчка, јогурт, говедски и јунешки црн дроб, печурки и авокадо. Меѓутоа, проблем е што е речиси невозможно да се изедат толку намирници кои содржат витамин Д за да би добиле количина која е неопходна за нашиот организам. На пример, 10 минути сончање дава 10.000 ИЕ витамин Д, а 100 г лосос само 360 ИЕ, 85 г сардини 250 ИЕ, а едно јајце 41 ИЕ.

Суплементи: Голем број луѓе страдаат од недостиг на витамин Д како резултат на недоволно изложување на сонце и исхрана која не е богата со витамин Д, па добро е да се направат тестови и да се консултирате со лекар околу внесот на витамин Д преку суплементи. Витаминот Д2 (ергокалциферол) се добива од квасецот, витаминот Д3 (холекалциферол) од рибиното масло, а организмот одлично ги апсорбира.

Дефицит на витамин Д: Недостигот од витамин Д може да предизвика појава на рахитис, го зголемува ризикот од развој на остеопороза, прави проблеми со кардиоваскуларниот систем и ја намалува способноста на организмот да го искористи инсулинот, ја влошува депресијата, го намалува апетитот.

Вишок на витамин Д: Хипервитаминозата на витамин Д е многу поретка од дефицитот и се манифестира со високо ниво на калциум во крвта, губење на апетит, мачнина, повраќање, дијареја, чувство на замор и жед.

Правилно дозирање: Колку витамин Д ни е потребен, зависи од годините, здравствените проблеми, физичкиот и умствен ангажман, па најдобро е да се консултирате со лекар и со фармацевт, бидејќи правилното дозирање е различно за деца во развој, луѓе во трета доба, спортисти или лица кои имаат проблеми со остеопороза, на пример. Витаминот Д е многу важен за нашиот живот, тој има и антиканцерогено дејство, придонесува за нормална работа на ендокриниот систем, игра важна улога во регулирање на телесната тежина, помага при пародонтопатија, ревматоиден артритис, остеоартритис и особено е значаен за јак имунитет и спречување на развој на автоимуни болести.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>