По летните месеци на нашата кожа ѝ е потребна дополнителна нега за да ја обновиме и да ја подготвиме за претстојните летни денови.
Автор: Весна Марковиќ
Витаминот Е, или токоферол, како што често е означен на пакувањата на козметичките препарати, во организмот можеме да го внесеме со растителни масла, како што се сончогледово, пченкарно и масло од пченични никулци. Го има во јаткастите плодови, производите од интегрално брашно, зелениот лиснат зеленчук, мешунките, доматот и модриот патлиџан. По изложеноста на дејството на сончевото зрачење, топлината и ветерот во текот на летните месеци, потребна е и примена на овој витамин директно на кожата со помош на разни креми и останати козметички препарати. Витаминот Е со своите антиоксидантни способности го неутрализира штетното дејство на слободните радикали на кожата и така придонесува за нејзиниот младешки изглед.
Негува, храни и хидрира
Витаминот Е дејствува позитивно на синтезата на колаген со што го забрзува процесот на регенерација на кожата, го поттикнува зацелувањето на помалите оштетувања на кожата, ја намалува појавата на нови брчки и помага во правилното зараснување на раничките без лузни. Во случаи кога на кожата ѝ е потребна интензивна хидратација витаминот Е е незаменлив. Покрај хранливото дејство на кожата тој влијае и на избелување на дамките создадени поради дејството на неповолни надворешни влијанија. Примена на препаратите со витамин Е помага во намалување на подочници. Позитивно дејство оваа состојка покажува и при употреба за дополнителна нега на усните (изложеност на сонце, појава на херпес).
Внимателна примена
Пред почетокот на примената на препарати со витамин Е, задолжително консултирајте се со дерматолог и фармацевт. Во аптеките е достапно масло со оваа состојка, која многумина ја користат како основа за изработка на козметички препарати од домашно производство. Меѓутоа, оваа состојка кај некои лица може да доведе до несакани реакции, како што е затнување на порите. Во консултација со својот фармацевт сигурно ќе го пронајдете препаратот кој му одговара на вашиот тип на кожа.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци