Фармацевти
Контакт

<< Назад

Витамин Ц

декември 1, 2017

Против инфекции и за јакнење на имунитетотНаташа Филиповиќ

Превенцијата на различни инфекции, посебно во зимскиот период, кога сме повеќе изложени на бактерии и вируси бидејќи повеќе време поминуваме во затворени простории со други луѓе и во принцип сме помалку физички активни отколку во топлите месеци, се постигнува со внес на витамин Ц, кој е многу важен  и за јакнење на нашиот имунитет.

Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, го стимулира производството на интерферон, функционира како антиоксидант и го подобрува производството на антитела, дејствува противвоспалително, помага во процесите  на синтеза на сврзното ткиво и производство на бели крвни зрнца, ги ублажува алергиските реакции, помага во апсорпциајта на железо и генерално нè брани од вируси и бактерии така што го јакне нашиот организам. Многу е здрав и значаен витамин за нашето здравје и детоксикација на организмот.

Иако обично се мисли дека витаминот Ц го има најмногу во цитрусите, постојат и други намирници кои се многу богати со него, како што се зелката, пиперката, доматот, компирот, карфиолот, кељот, јаболката, кивите, шипката. На пример, една црвена пиперка содржи 190 мг витамин Ц, киви со просечна големина има 137 мг, а 100 г брокули 132 мг. Најмногу витамин Ц има во свежо овошје и зеленчук. Со термичка обработка на намирниците овој витамин се губи, бидејќи е чувствителен на високи температури, па при варењето на овошјето и зеленчукот се губи околу 60 насто од витаминот Ц. Исто така, витаминот Ц е разградлив и во присуство на кислород, па не треба да се дозволи свежи намирници долго да стојат и да „венеат“ пред консумирање.

Витаминот Ц е неопходен за сите луѓе, како на малите деца така и на возрасните и постари лица. Генерално, се смета дека на жените им се потребни околу 75, а на мажите околу 90 мг витамин Ц дневно. Потребната дневна количина зависи и од други фактори,  на пример, од тоа дали сте пушач (доколку сте, се препорачува поголем внес), па најдобро е да се посоветувате со фармацевт и за суплементите на витамин Ц, особено ако не сте љубител на свежо овошје и зеленчук, а поради начинот на живот сте зголемено изложени на  бактерии и вируси (работа со луѓе, долг престој во колектив), односно забележувате дека енергијата ви е на ниско ниво, а имунитетот е опаднат.

Дајте му на организмот секој ден доволно витамин Ц, пиејќи лимонада и чај од шипки, и консумирајќи секој ден, барем во текот на еден оброк, свежа салата од зелен зеленчук, домат или пиперка, по избор. Јаболко за ужина, исто така, е многу здраво, бидејќи не велат залудно: „јаболко на ден и лекар не  ви е потребен“.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>