Фармацевти
Контакт

<< Назад

Витамини и минерали

ноември 1, 2016

Зголемете го имунитетот за зимаДушан Гољиќ
м-р по фармација

Лицата кои земаат мултивитамински суплементи имаат 32 насто поголеми шанси да избегнат настинка, а препарати со витамини и минерали во вид на таблети, капсули, шумливи таблети, прашоци за растварање или во директ форма можат да се најдат во асортиманот на аптеките

Временските промени се секогаш стрес за организмот, кој тежи да одржи баланс со надворешната средина. Падот на температурите прво се одразува на мускулите, кои поради студот се контрахираат, па чувствуваме треперење, поради што се препорачува затоплување. Зголемената влажност на воздухот и ниските температури претставуваат посебен предизвик за органите од респираторниот тракт, кои при секое вдишување трпат стрес за да одржат нормална физиологија. Стеснување на крвните садови во носот обично е прва реакција на телото на ладниот воздух кој го вдишуваме, што понатаму може да биде проследено со отекување на слузокожата и течење од носот, потоа кивавица, замор или лесна главоболка. За тоа време во секој орган имунолошкиот систем ги размножува своите клетки и води битка со разни штетни микроорганизми. Доколку сме исцрпени или заморни, нашиот имунитет паѓа.

За да ги предупредиме првите симптоми, неопходно е да се засили организмот со есенцијални нутриенти. Со денешното брзо темпо на живот и постојано присутен социјално-економски стрес, тешко е соодветно да се храниме и да имаме квалитетен одмор. Затоа, најдобриот совет кој фармацевтот може да ви го даде е да земате витамини и минерали.

Во сончевите денови се препорачува прошетка, зашто витаминот Д во телото се создава со помош на сонцето. Исто така, потребно е да се надополни недостигот од витамините А и Е, кои ги нема во изобилство во овој период. Лицата кои јадат малку месо, риба, јајца или млеко би требало да земаат суплементи со витамините Б2, Б6 и Б12. Познато е дека добра превентива кај чувствителните на ладно време е земање препорачани дози витамин Ц.

Голема корист за организмот можат да имаат калциумот, магнезиумот, железото, бакарот и манганот во вид на суплементи. Особено се препорачуваат зголемени дози на селен и цинк, кои имаат витална улога во развојот на имунолошкиот и ендокриниот систем. Од минералите значајни за правилен метаболизам на шеќерите, се препорачуваат суплементи на хром.

Витамините и минералите се наоѓаат во широк асортиман во аптеките во вид на таблети, капсули, шумливи таблети, прашоци на растварање или во директ форма. Нивните дози се пресметани според препорачаниот дневен внес за соодветна возраст. Можат да се најдат поединечно или во комбинации кои организмот подобро ги користи.

Такви се препаратите со магнезиум и витамин Б6, како и калциум со витамин Д, додека витамините А, Ц и Е често се во комбинација со селен или цинк. Од друга страна, постојат и балансирани мултивитамини кои содржат оптимални дози од сите споменати елементи во една таблета. Статистиката покажува дека лицата кои земаат мултивитамински суплементи имаат 32 % поголеми шанси да го избегнат првиот напад на настинка. Изборот на вистински суплемент треба да се препушти на фармацевтот, зашто не секоја комбинација е наменета секому. Овие препарати не се замена за урамнотежена исхрана, но ако ги земаме со храна, може да придонесат за подобра отпорност на организмот.

Доколку првите симптоми на пад на имунитет, сепак, се појават, потребно е да се обратите на лекар или фармацевт заради препишување на соодветен лек. Сепак, во исчекување на поладни денови, превентивата се препорачува на сите.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>