Фармацевти
Контакт

<< Назад

ВКОЧАНЕТОСТ НА ВРАТОТ, РАМЕЊАТА И ГРБОТ

мај 1, 2019

Како да се победи болката

 

Сè поголем број луѓе секојдневно се соочуваат со проблеми кои главно се последица на долготрајно седење и недоволно движење.

 

Автор Владимир Пантиќ

 

Во зависност од типот на оптоварувањето на кое сме изложени, како и од генетските предиспозиции, проблемите може да се јават во вратниот дел од ’рбетот, грбот и рамениот појас.

 

Миогени и вертеброгени причини

Повеќето проблеми поврзани за вкочанетост и болка во овие делови на телото имаат две групи на предизвикувачи, или комбинација од двете групи.

Хроничните миозитиси, миоспазми и миофибрози се состојби на мускулното ткиво настанати од доготрајно неправилно држење на телото, зголемено оптоварување од принудни положби во текот на работни активности, а може да бидат и резултат на психичка напнатост.

Промените во зглобовите, остеоартроза на прешлените и дегенеративни промени на меѓупрешленските дискови доведуваат до притисок на нервните корени на излезот од ’рбетниот мозок. Ова за последица има низа тешкотии кои се манифестираат со болка, намалена подвижност, загуба на силата, вртоглавица, проблеми со циркулацијата и многу други состојби.

Со оглед на тоа што наведените болни состојби може да бидат последица на посериозни здравствени проблеми, од голема важност е на време да се посети лекар.

 

Терапија

Медикаментозната терапија обично вклучува нестероиди антиинфламаторни лекови, миорелаксатори и понекогаш глукокортикоидни препарати. Често терапијата е засилена со витамини од Б-комплекс. За изборот на лековите одлуката ја носи вашиот лекар, задолжително консултирајте се со својот фармацевт, а никако не е препорачливо самоиницијативно земање лекови. По смирување на акутната болна фаза се вклучува физикална терапија. Различни методи на мануелна репозиција, масажи и хипопрактика се комбинираат со методи на физикална терапија.

 

Значење на редовното вежбање

Пациентите мора да ги научат заштитните положби и положбите на растоварување со чија помош се спречува дополнително влошување на состојбата. Сетовите вежби за различни проблеми се приспособуваат на индивидуалната состојба на пациентот и е важно да се изведуваат редовно и правилно.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>