Фармацевти
Контакт

<< Назад

ВО ПРЕСРЕТ НА ЛЕТОТО

јуни 1, 2019

Вежби за брзо обликување на телото

 

Сè уште не е доцна да направите нешто корисно за себе и за своето тело, а покрај тоа, уште и подобро да изгледате на плажа.

 

Автор: Марко Симиќ

 

Не постои волшебно стапче кое преку ноќ ќе го доведе нашето тело во совршена форма, но тоа, секако, не е причина да се откажете од вежбање. Вистински резултати ќе постигнете исклучиво ако со редовно вежбање ја коригирате и секојдневната исхрана. Пред преминување на поздрав животен режим задолжително консултирајте се со својот лекар.

 

Чучњеви

Стапалата треба да се постават во паралелна положба и тоа во ширина на боковите. Од исправена положба спуштајте се како да сакате да седнете на стол, водејќи притоа сметка колената да бидат во исто рамниште со ножните прсти (не да ги преминуваат). Кога ќе стигнете до полуседечка положба, кратко задржете и потоа исправете се.

 

Исчекор

Од исправена положба, во која стапалата се едно покрај друго а рацете на колковите, исчекорете со едната нога напред додека коленото на другата полека спуштајте го кон подот. После пет повторувања повторете ја вежбата со исчекор со другата нога.

 

Вежби за стомачни мускули

Легнете на подлога за вежбање и испружете ги нозете во вис под прав агол. Ставете ги рацете зад главата, подигнете го градниот дел од подот и полека вратете се назад. Оваа вежба го јакне горниот сегмент на стомачните мускули.

Средниот и долниот сегмент на стомачните мускули ќе ги зајакнете така што од положбата во која лежите на грб со рацете испружени покрај телото, полека ќе ги подигнете двете испружени нозе малку од тлото. Потоа наизменично дигајте ги нозете под прав агол во однос на подот.

 

Убави и затегнати раце и раменици

Трицепсите можете да ги зајакнете така што тегот ќе го подигнете со една рака над главата и потоа ќе го спуштите наназад, виткајќи ја раката во лакотот. Оваа вежба правете ја наизменично со двете раце.

Бицепсите зајакнете ги со подигнување на тег до градите со свиткување на раката во лакотот. Почетната положба за оваа вежба подразбира рацете со теговите да се испружени покрај телото.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>