Фармацевти
Контакт

<< Назад

Воден часовник

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]Водениот часовник е направа за мерење на времето со помош на проток на вода од сад, обично низ тесен отвор. Тоа бил најточен инструмент во широка употреба, сè до 17 век кога е заменет со многу попрецизните часовници со нишало. Водените часовници биле први мерачи на времето, постоеле во Месопотамија, Индија и Кина. Се смета дека настанале околу 3 000 година пр.н.е. Некои нацрти на водени часовници се развиле независно, а некогаш се пренесувани со развојот на трговијата. Се нагодувале со помош на сончев часовник и биле користени за потребите на астрономијата, но и за мерење на тоа колку траеле говорите на адвокати, потоа беседи и служби во црквите. Еден воден часовник е пронајден во гробница на египетскиот фараон Аменхотеп I (1525 – 1504 пр. н. е.). Грците ги нарекувале клепсидри (крадачи на вода). Тоа биле цилиндрични или конусни садови кои полека и еднакво се полеле со вода, а ознаките на садот ги означувале часовите. Поразвиените водени часовници имале константен проток на вода, некои ѕвонеле или користеле гонгови, други отворале прозорци и врати со мали човечки фигури, или ги движеле покажувачите, бројчениците и астролошките модели на вселената.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>