м-р инж. Немања Стојиљковиќ
Тераписката употреба на морската сол потекнува уште од античко време. И тогаш за лекување на ишијас и ревма препорачувале бањање во морска вода, а делотворноста на морската вода е забележана и кај кожни заболувања, воспаленија и рани. За употребата на морската сол и нејзината важност ни зборува и познатата легенда за раѓањето на Афродита, која вели дека таа божица на љубовта и убавината е создадена од морска пена.
Морската сол е богата со голем број различни минерали. Калциум, магнезиум, манган, јод и железо се само некои од состојките кои морската сол ја прават незаменлива во служба на убавината и здравјето. Исто така, има големи сличности во составот на солената морска вода и човечката крвна плазма, што значи дека на човечкото тело многу му годи капење во морска сол.
Тешко е да се избројат сите позитивни ефекти од морската сол, но еве некои основни:
- Го јакне имунитетот и создава отпорност кон заразни болести, како грип, алергии и сл.
- Морската сол го балансира нивото на киселина во телото и така ги елиминира потенцијалните ризици од фатални болести.
- Редовното земање морска сол растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото.
- Користењето на морската сол во исхраната може да го намали ризикот од остеопороза, а солта, исто така, може и да се користи како помошно средство во самата терапија на остеопороза.
- Помага во намалување на нивото на шеќерот во крвта.
- Поседува слабо антисептично и антибактериско дејство, што се препишува на јоните од калциум и магнезиум.
- Морската сол е полна со витамини и минерали кои се од витална важност за правилна исхрана на клетките.
Излачувањето токсини и поттикнувањето на метаболизмот, како и излачувањето на насобраниот вишок вода од кожата и сврзното ткиво се последица од дејствувањето на морската сол. Кожата по третманот од морска сол станува мазна, позатегната и видно помека. Различни воспалителни процеси, лупење и нечиста кожа, успешно се лекуваат токму со оваа сол. Освен доброто дејство на кожата, морската сол дејствува исклучително позитивно на целиот организам, на што во прилог му оди веќе наведениот факт дека морската вода и човечката крвна плазма се многу слични по состав.