Фармацевти
Контакт

<< Назад

ВОСПАЛЕНИЕ НА УВОТО

август 1, 2018

Како да се спречи непријатноста на летување

 

Мало невнимание, посебно кај лица склони кон воспаление на уво, може да доведе до големи непријатности.

 

Автор: Владимир Пантиќ

 

Летните топли денови се повик за сите разладувањето да го пронајдат во вода. Без разлика дали е во прашање базен, река, езеро или море, секогаш е актуелна опасноста од појава на воспаление на увото. После капење и пливање може да се појават симптоми како што се чувство на затнатост, непријатен шум и слух кој е ослабен, а тие во рок од 24 часа можат да прераснат во силна болка. Во тој случај без двоумење во најкраток можен рок посетете лекар.

 

Две локации, исто ниво на болка

 

За разлика од воспаление на средното уво, кое е карактеристично за деца, кај возрасните најчесто се јавува воспаление на ушниот канал, т.е. надворешното уво. Оваа тегоба е позната под името пливачко уво, бидејќи допирот со бактериите од водата е нејзина најчеста причина. Без разлика на тоа дали инфекцијата се развила во средното или во надворешното уво, болката е подеднакво интензивна и непријатна.

 

Колку е детето помало, проблемот е поголем

 

Акутното воспаление на увото кај децата е често проследено со зголемена температура и појава на секрет од носот, со можна појава на стомачни пречки. Бебињата се обично вознемирени, на прв поглед без причина, почнуваат силно да плачат, а многу брзо се јавува и изнемоштеност. Компликациите од неправилното лекување вклучуваат оштетување на ушните тапанчиња и на слушниот нерв, а постои можност за ширење на инфекцијата на мозочните обвивки.

 

Кога природната заштита ќе изостане

 

Анатомските карактеристики на увото му годат на напредувањето на несаканите станари во вид на штетни микроорганизми. Поради тоа тука е присутен и дополнителен механизам за заштита, а тоа е ушната маст која се создава во церуминозните жлезди и спречува развој на бактерии и габички. Претераното отстранување на оваа заштита, поради погрешна примена на стапчиња со вата, може да доведе до несакани ефекти. Проблемот може да настане и доколку при чистење дел од церуменот ќе се стисне подлабоко во ушниот канал. Чепот кој така ќе се создаде оневозможува природно чистење на увото, затоа пред летување препорачливо е да се отидете на контрола кај оториноларинголог, посебно ако сте склони кон воспаление на увото. Во тој случај ве потсетуваме и на тоа дека нуркањето не е идеална летна активност за вас.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>