[vc_column width="1/1"]Болката во грлото е една од најчестите причини поради која пациентите го посетуваат својот доктор или фармацевт, особено во зимскиот период. Поради директниот контакт со надворешната околина, грлото е изложено на штетното дејство на надворешните фактори, како што се сув и ладен воздух, како и директна изложеност на предизвикувачи на инфекции: бактерии, вируси и габички.
Вирусните воспаленија на грлото се почести и претставуваат 80% од сите типови на воспаленија на грло, а останатите 20% се однесуваат на бактериски инфекции.
Општата состојба на организмот и имунитетот, но и локалната отпорност на усната шуплина, претставуваат важен фактор во заштита од предизвикувачите на воспаленијата: бактерии, габички и вируси.
Како да се разликуваат вирусни и бактериски воспаленија на грло?
Во поголемиот број случаи, воспаленијата на грло се предизвикани од вируси. Вирусниот фарингит главно има „поблага“ клиничка слика, отколку бактерискиот. Водечки симптом е болката, проследена со чувство на печење, жарење и гребење во грло, изнемоштеност и покачена температура. Вирусните воспаленија се симптоматски. Антибиотиците не дејствуваат на вируси и поради тоа не се препишуваат во случаи на вирусни инфекции. Се препорачува мирување, внес на топли напитоци и испирање на грло. Порано грлото се испирало со чаеви кои денес се заменети со орални антисептици во форма на спрејови.
Доколку воспалението на грло е предизвикано од бактерија, болеста вообичаено настапува нагло и е проследена со треска, општа слабост, главоболка и болка во грло со отежнато голтање. Бактериските воспаленија на грло се лекуваат со антибиотици, препишани од доктор. Производите кои содржат природен ензим лизозим може да се применуваат во комбинација со антибиотици, бидејќи го подобруваат нивното антибактериско дејство.
„Откривањето на лизозимот еден ден ќе предизвика поголем интерес од откривањето на пеницилинот“. Ова е реченица на славниот нобеловец Александар Флеминг, кој во 1922 го открил лизозимот, а 6 години подоцна и пеницилинот.
Усната шуплина претставува „влезна врата“ за микроорганизми од надворешната средина, а плунката со своето антимикробно дејство претставува прва линија на одбрана. Лизозимот во состав на плунката, како природен фактор на локалниот имунитет на слузницата, дејствува против бактерии како што се стрептококи и стафилококи, кои се најчести причинители на бактериско воспаление на грло. Лизозимот, исто така, дејствува на некои вируси и габички. Покрај антимикробното дејствување, лизозимот го смирува и воспалителниот процес, помага за зараснување на рани и оштетувања на слузницата на усната шуплина, ја штити слузницата на устата и грлото, го зголемува локалниот имунолошки одговор и доведува до благо аналгетско дејство.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци