ВETTY е маркетиншки концепт − програма за лојалност на крајните потрошувачи. Програмата обезбедува алатки за маркетинг кои и помагаат на аптеката да го подигне нивото на своите услуги и да создаде свои лојални клиенти.
Маркетинг концептот BETTY обединува голем број аптеки низ целата земја. Таа е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика во Европа. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.
BETTY се развива во 4 земји од Балканската група на Феникс Фарма − Бугарија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина.