Фармацевти
Контакт

<< Назад

За кариесот

мај 10, 2016

Глобално, 60-90% од децата на училишна возраст и скоро 100% од возрасните имаат кариес. Всушност, кариесот е најчестото хронично заболување на планетата, а, сепак, може да се превенира.

Забниот кариес е хронично заболување, при што тврдото ткиво на забот е оштетено (разградено) од страна на киселините кои настануваат како резултат на разградување на храната (шеќерите) во устата. Тие ја оштетуваат тврдата структура на забот предизвикувајќи кариес. Раните или почетните кариозни лезии можат да се превенираат и да се контролираат доколку се намалат различните причинители.

Како настанува кариесот?
Забниот кариес е заболување кое настанува како резултат на повеќе различни фактори. Тоа е интеракција  помеѓу осетливата површина на забот, присуството на бактерии во денталниот плак, кои продуцираат кариогени киселини, и изложеноста на шеќери внесени преку храна кои го покренуваат процесот на настанување кариес.

Ова значи дека со тек на време сè што јадеме и пиеме влијае на средината во нашата уста. Нашите заби се изложени на дејството на киселините што настануваат со разградување на шеќерите од храната.  Ова може да предизвика намалување на нивото на pH во биофилмот на површината на забот, што доведува до деминерализација на глеѓта под биофилмот. Доколку настане преголема деминерализација, оштетувањето на забот е неповратно и настанува кариес.

Меѓутоа, раните кариозни лезии (раните фази на кариесот) можат да се превенираат и да се  контролираат со  правилна грижа.  Забниот кариес настанува во неколку фази, односно во континуитет на заболувањето, од мали почетни кариес лезии кои можат со тек на време да се развијат во големи кариеси.

Шеќери
Бактериите во нашите усти ги претвораат шеќерите и јаглехидратите од секојдневната храна и течностите кои ги консумираме во киселини.


Киселини
Овие киселини ги разградуваат минералите од површината на забот (познато како деминерализација), оштетувајќи ја тврдата структура на забот (или глеѓта) и формираат рана лезија (почетна фаза на кариес на забот).


Време
Со тек на време, раната лезија може да се развие во кариес.


Влијанието на кариесот
Во Македонија забниот кариес индекс (појавата на кариес) е многу висок. Некои од најчестите фактори кои доведуваат до забен кариес се:

Забниот кариес се појавува  кај луѓе на сите возрасти и може да има здравствени, социјални и економски последици. Земете ги предвид следните факти:

Паста за заби која ги неутрализира шеќерните киселини заедно со едукацијата за  правилно орално здравје го намалува кариесот кај децата на претшколска возраст до 41%.

Скопје, Македонија, април 2016 – Кај децата на претшколска возраст се развива 41% помалку кариес, после комбинирана програма од надгледувано миење заби со Colgate уникатната паста за заби со неутрализатор на шеќерни киселини, и соодветна едукација за оралното здравје.

Двегодишната студија на повеќе од 3700 школски деца во Тајланд, го согледува ефектот на надгледуван посебен режим на миење на забите со Colgate® Maximum Cavity Protection plus Sugar Acid Neutraliser™ пастата за заби комбинирано со програма за внимателни и редовни инструкции за важноста на оралната нега, улогата на шеќерите во оштетувањето на забите и правилната исхрана во  одржувањето на оралното здравје.

Кај децата од училиштата кои учествуваа настана вкупно намалување во појавата на кариес од 34% во период од 24 месеци на надгледувано четкање со специјализирани производи плус едукација за орално здравје, во споредба со училиштата кои ги користеле нивните регуларни навики и производи за орална хигиена. Користа од овој комбиниран пристап се покажала дури и поимпресивна во училиштата кои максимално соработувале во студијата, каде што намалувањето на појавата на кариес е дури до 41%. Резултатите беа објавени во Community Dentistry, 2014.

Препораките на СЗО и резултатите од оваа студија во училиштата се добредојдени за Colgate-Palmolive, производителот на Colgate® Maximum Cavity Protection plus Sugar Acid Neutraliser™  пастата за заби. Директорката за Научни прашања за Европа, Баербел Киене, рече: „Кариесот е повратен процес до одредено ниво. Мораме да ги земеме  предвид сите достапни средства и технологии за да го сопреме прогресот пред да настане поголемо оштетување на забот. Висококвалитетни производи за орална хигиена се, секако, од основно значење, и Colgate истакнува дека овие производи треба да бидат употребувани ефективно во поширок контекст  за  доброто општо здравје. Насоките на СЗО се важен патоказ кој го поддржува овој интегриран пристап на подобрување на навиките за исхрана и орална нега.“

Colgate® Maximum Cavity Protection plus Sugar Acid NeutraliserTM  пастата за заби е првата и единствена паста за заби со флуор која содржи Sugar Acid NeutraliserTM технологија. Ги неутрализира киселините во плакот пред тие да им наштетат на забите, ја зајакнува глеѓта со флуор и калциум за да превенира настанување кариес, и го намалува раниот кариес за половина, со што дава подобра заштита од кариес во однос на регуларна паста за заби со флуор.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>