Стевиа е природен засладувач, без калориска вредност. Се произведува од листот на растението Stevia rebaudiana и е единствена потполна природна замена за шеќерот. Stevia rebaudiana е растение со потекло од Јужна Америка, кое се употребува повеќе од 1500 години, а во себе содржи пектин, А, Ц и Б витамини, микроелементи (калиум, магнезиум, калциум), антиоксиданти и аминокиселини.
Стевиа припаѓа на фамилијата Asterace, во која спаѓаат сончогледот и цикоријата. Стевиа не предизвикува кариес за разлика од шеќерот и не претставува подлога на која може да се развиваат патолошки бактерии и габички. Тоа е голем придонес за здравјето и значајна промена во современиот начин на исхрана, преоптоварена со калориски внес.
Како се добива?
Стевиа се добива со екстракција на стевиол – гликозид од листот на растението Stevia rebaudiana. Послатка е околу 300-400 пати од шеќерот и нема калории, со што се препорачува за употреба кај дијабетичари, лица на диета и сите кои живеат со здрав животен стил. Може да се употребува и кај антикандида диети. Цената на стевиата е повисока од шеќерот и другите засладувачи, но инвестицијата во здравјето е долгорочна.
Безбедност
Стевиата е сигурен извор на сладок вкус, нема ограничување за употреба, за разлика од другите засладувачи и нема несакани ефекти.
Како здраво, природно решение, стевиата ја прифатија рекорден број потрошувачи.
Како се употребува?
Стевиата изгледа како шеќер во прав и се додава во многу мали количини. Најчесто комерцијално се наоѓа во таблети, кои се поедноставни за употреба. Термостабилна е, може да се загрева до 200°C и да се употребува за готвење, печење, засладување на топли и ладни напитоци, овошје...
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци