Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЗАТНАТО НОСE КАЈ БЕБИЊАТА

октомври 1, 2015

[vc_column width="1/1"]Со наглите температурни варијации несомнено се зголемува бројот на бактериски и вирусни заболувања кај децата и бебињата, кои се манифестираат со течење од носот, слевање на секретот од носот во грлото, што предизвикува отежнато дишење, ноќна кашлица и будење, како на децата така и на родителите. За темелно да се отстрани секретот од носот, потребно е правилно третирање. Големото искуство на родителите и педијатрите покажува дека најдобро и најтемелно чистење на носот се врши со прскање на природни спрејови или капки со морска вода збогатени со диво оригано. Се оставаат да дејствуваат 5-10 минути и потоа за целосно да се извади секретот од носот потребно е темелно да се вшмука секретот со аспиратор за нос. Особено е важен изборот на аспиратор кај бебињата, особено кај новородечињата, бидејќи тие не можат да го дуваат носот, а вие можете да го олесните тој процес и темелно да ги исчистите носните празнини на вашето бебе, со што може да спречите
и појава на понатамошни респираторни проблеми.

Дефинитивно препораката на искусните родители, како и на најголемиот број педијатри и специјалисти за уво, нос и грло, е квалитетен аспиратор со цевче и филтер, одобрен од ФДА, со кој му помагате на вашето дете полесно да дише, полесно да се храни и помирно да спие. Во спротивно, доколку има секрет, тој ја обвиткува слузницата на носот и го отежнува доспевањето на капките и маста до слузницата на носот, а со тоа се намалува и нивното дејство, а во одредени случаи доаѓа и до деактивација на активната компонента.

Како да го исчистите носето на бебето?
За да го исчистите носето на бебето потребно е прво да му капнете во ноздрите хипертоничен солен раствор со додаток на диво оригано, за да се навлажни и да се раствори мукусот. Дивото оригано дополнително го потпомага исфрлањето на секрет, а има и природно антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.

Легнете го бебето така што брадата да му биде малку подигната и капнете по 1-2 капки од растворот во секоја ноздра, или прснете од спрејот со диво оригано за нос. Откако ќе му ставите од капките или спрејот со диво оригано во носот, обидете се да ја држите главата на
бебето мирна десетина секунди. После секоја употреба исчистете ја капалката од капките или распрскувачот од назалниот спреј.

Како се користи назалниот аспиратор со цевче?
Врвот од аспираторот ставете го на ноздрата на бебето и вшмукајте го нежно воздухот преку горниот отвор на цевчето. Постапката можете да ја повторувате според потребите. Доколку секретот е густ, пред да ја почнете постапката на аспирирање на секретот ставете во ноздрите неколку капки раствор или спреј за нос со диво оригано. Филтерот
во аспираторот ќе спречи да ги внесете бактериите и мукусот во устата.

Постапката на чистење е едноставна и се повторува после секоја употреба: измијте го аспираторот со средство за миење садови или со течен сапун, исплакнете го добро со млаз топла вода и оставете го да се исуши. После чистењето можете повторно на чисто носе да нанесете од капките или спрејот со диво оригано.

Повеќето родители и најголемиот број педијатри и специјалисти за уво, нос и грло ги преферираат назалните аспиратори со цевче и ги сметаат за поефикасни, полесни за употреба и понеинвазивни, а в секој случај се и похигиенски.

За да ги спречите настинката и грипот навреме и да го зголемите имунитетот на вашите деца и бебиња, потребно е да вршите топла инхалација со масло од диво оригано и дива жалфија. За најголем ефект се препорачува два пати на ден – во 250 мл топла вода
се става 1-2 капки од маслото од диво оригано или дива жалфија и се врши парење над топлата вода. Со тоа се освежува и целата просторија и освен силниот антибактериски ефект на маслото од диво оригано, дивата жалфија има и смирувачки ефект. Маслото од диво оригано е познато и како моќен антиоксидант кој го зајакнува имунитетот, а има
и антибактериско, антивирусно и антигабично дејство и посебно помага при респираторни и уринарни инфекции на потполно природен и здрав начин. За деца се препорачува пиење на 6 капки дневно, растворени во млеко, чај или сок.

Доколку почнете со правилен третман со спрејот од диво оригано, аспиратор за темелно вадење на секретот, пиење и инхалација со антибактериското масло од диво оригано, можете да ги пресретнете и
навреме и да ги прекинете настанатите вирози или бактериски заболувања, да бидат со намален интензитет или уште подобро да ги превенирате на природен и безболен начин.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>