Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здрави непца

февруари 25, 2016

[vc_column width="1/1"]

Водич како да ги зачувате вашите непца здрави

Здрави непца за здрава уста

Непцата се суштинската поддршка на вашите заби. Здравите непца налегнуваат удобно околу вашите заби и формираат заштитен прстен за да ги заштитуваат и да ги задржат на место.

Денталниот плак може да предизвика заболување на непцата

Бактериите се размножуваат на површината на забите и непцата, а насобирањето на овие бактерии доведува до создавање плак. Бактериите во плакот продуцираат токсини кои можат да доведат до воспаление на непцата (гингивитис).

Доколку воспалението не се третира, тоа може да се влоши и да доведе до многу посериозно заболување на непцата (периодонтитис). Доколку и ова не се третира, ткивото на непцата постепено се уништува, може дури да ја зафати и потпорната коскена структура што може да доведе до расклатување на забите.

Како да ги одржувате непцата здрави?

Најдобриот начин за борба со постоечките гингивални заболувања и спречување на истите да се повторат е преку темелно чистење на забите и непцата за да се отстрани плакот и да се спречи неговото повторно создавање. Треба да го посетувате вашиот стоматолог редовно. Како дел од рутинската проверка тој ќе го отстрани плакот од местата во усната празнина кои вие сте ги пропуштиле при чистењето или се тешко достапни.

Четкајте минимум 2 пати на ден по 2 минути со антибактериска паста за заби.

Погрижете се работ на непцата, каде што плакот има тенденција да се насобира, да биде темелно исчистен.

Чистете ги интерденталните простори со забен конец или интердентална четка.

Користете забен конец еднаш на ден за да ги отстраните заглавената храна и плакот од меѓузабните простори. Внесете кратко парче од конецот помеѓу вашите заби и исчистете околу секој заб. Нежно движете го конецот надолу и нагоре без да правите премногу притисок на непцата. Доколку претходно не сте употребувале конец, можеби ќе ви биде тешко, па само прашајте го вашиот стоматолог да ви покаже.

Интерденталните четки се полесни за употреба. Достапни се во различни големини за да одговараат на различните простори кои ги имате помеѓу вашите заби. Доколку ви е тешко да ја внесете четката во меѓузабниот простор, тогаш веројатно ви е потребна помала големина. Вашиот стоматолог може да ви помогне во изборот на големината на интерденталната четка која ви е потребна.

Употребата на секојдневна антибактериска течност за уста, исто така, ќе помогне во контролата на плакот.

Знаци на гингивалното заболување

Најчестиот ран знак на гингивално заболување (заболување на непцата) е крвавење во текот на четкање на забите или доколку забележите мала количина крв кога ќе ја исплукате пастата. Луѓето најчесто го игнорираат овој проблем, но тоа  укажува на  рани и битни знаци за заболување на непцата.

Доколку видите крвавење или забележите дека вашите непца се црвени и/или отечени треба веднаш да го известите вашиот стоматолог. Крвавењењто и воспалението  кое ги забележувате се знаци дека вашите непца се борат со дентален плак. Лекувањето може да спречи понатамошно оштетување, кое полека ја ослабува способноста на непцата да ги заштитуваат потпорните структури на забот.

За среќа, гингивитисот е реверзибилен, односно се лекува со правилна грижа и контрола.

Вашиот стоматолог може да го излекува гингивитисот и вашите непца да бидат повторно здрави. Иако оштетувањето предизвикано од парадонтитис не може да се излекува целосно, сепак, потребен е професионален третман кој ќе го спречи понатамошното напредување и ќе ви ги зачува забите. По лекување на парадонтитисот, од исклучитечно значење е соодветна контрола на забниот плак за да се одржат резултатите од третманот и да се спречи губење на забот.

Colgate® total® pro-gum health – сеопфатен систем кој го заштитува вашето гингивално здравје.

Colgate® Total® Pro-Gum Health палетата на производи е специјално развиена да ви овозможи производи кои ви се потребни за да ги одржувате вашите непца здрави.

Colgate® Total® Pro-Gum Health пастата за заби има уникатна антибактериска формула која се бори со бактериите од плакот и ги намалува воспаленијата на непцата, во тек на денот, резултирајќи со поздрави непца и заби.

Вашиот стоматолог може да ви препорача и дополнителни производи кои дополнително ќе ја подобрат вашата секојдневна орална нега.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>