Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЗДРАВИ ЗАБИ

август 5, 2015

[vc_column width="1/1"]Превенциjа на забен каменд-р Јавор Хаџијев

Прво на забната глеѓ се појавува мала дамка, бела како креда или кафеноцрна. Ако не ја уочиме, се шири во длабочина, а при тоа не чувствуваме болка. Потоа се појавуваат предупредувачки знаци – чувствителност на храна, благо, ладно или топло. Ако и на тие симптоми не обратиме внимание и не отидеме на стоматолошки преглед, ризикуваме обичниот кариес да премине во пулпитис

Кои се причините за формирање забен кариес?
Основната причина за појава на кариес е зголемена киселост во усната празнина поради разложување на јаглехидрати и производи настанати со размена на микроорганизми кои предизвикуваат издвојување киселини.

Која храна треба да ја избегнуваме?
Шеќерот е непријател број еден на здравите заби. Современиот човек внесува прекумерна количина на шеќер, што го зголемува ризикот од појава на кариес. Тестенините, бонбоните, лижавчињата и чоколадите се најопасни. Задоволството од нивното консумирање доведува до нивно долготрајно присуство во усната празнина и зголемување на нивото на киселини.

Кои се основните правила за одржување добра орална хигиена?
Два пати дневно, наутро и навечер, миење на сите површини на забите во траење од три минути во голема мера обезбедува добра хигиена. Користење на останатите средства – водички за уста, конец, интердентални четкички, ја прават вашата хигиена одлична.

Дали се препорачува користење електрични четкички за заби?
Електричните четкички за заби им обезбедуваат комфор на мрзеливите пациенти. Во комбинација со дополнителни средства, како што се интердентален туш или додатоци за чистење на тешко достапните места, претставуваат посакуван инструмент за постигнување подобра хигиена.

Какви пасти и водички за уста избираме?
На пазарот постојат безброј производи од тој тип. Тоа е повеќе прашање на лични афинитети или препораки на вашиот стоматолог.
Препорачувам користење на абразивни пасти за да се обезбеди механичко чистење на остатоците од храна и наслаги од дентален плак, како и четкички со вештачи влакна, средно тврди. Останатите микроорганизми, кои се наоѓаат на недостапни места, ќе ги неутрализираме со антисептички водички за испирање на устата на база на хлорхексидин.

Дали мастиките се корисни или штетни?
Џвакањето мастики делумно помага за самочистење на устата и забите. Употребата на мастиките помага за подобрување на хигиената, од една страна, се врши механичко чистење на остатоците од храна, а, од друга страна, се стимулира лачење плунка која учествува во основната, хемиска обработка на храната. Денешните мастики не содржат шеќер, туку соединенија кои ја неутрализираат киселината и го намалуваат ризикот од појава на кариес.

Дали постојат штетни навики кои помагаат да се формира кариес?
Се смета дека пушењето е штетна навика кај која е забележлива намалена хигиена, што од своја страна може да доведе до поголем ризик за развој на кариес. Обично пушачите не се грижат многу за својата орална хигиена, но од мое лично искуство и од моите анализи не сметам дека оралната хигиена е во директна голема врска со постојната состојба на забен кариес.

Што е флуор профилакса?
Постојат два вида – ендогена и егзогена. Првата се постигнува со приемот на микроелементот флуор во облик на минерални води, преку храната или натриум флуорид таблети. Другата – со користење пасти за заби богати со флуор или со нанесување специјални гелови и лакови на површината на забите. Целта е замена на јоните на калциум и фосфор во молекулот на хидроксиапатит со флуорен јон до флуорапатит. Тоа соединение ја зголемува цврстината на забната глеѓ и обезбедува подобра заштита.

Дали се применува кај трудници и деца?
Дури е и препорачливо. За време на бременоста се формираат никулци на млечните и постојаните заби. По породувањето треба да се применува со контрола и во дози во согласност со возраста.

Колку често треба да се оди на превентивен стоматолошки преглед?
На секои шест месеци кај деца и еднаш годишно кај возрасни.

А колку често да се прави професионално чистење на забите?
Во просек, сосема е доволно еднаш во годината, но кај некои пациенти со лоши навики и занемарена хигиена, потребно е и почесто.

Дали се разликува превенцијата од кариес во зависност од возраста?
Категорично, да! Млечните заби и постојаните заби кај децата се во поголем степен во опасност од развој на забен кариес поради незавршената минерализација на забната глеѓ и влошената хигиена поради променливост на структурата на усната празнина за време на растот. Таа превенција треба да биде застапена на многу поголемо ниво отколку кај возрасните пациенти.

Кои се современите методи за дијагностицирање кариес?
Освен дијагностицирање во текот на прегледот, постоењето кариес може да се открие и со специјални бои кои ги бојат лезиите. Постојат многу физикални методи за рано дијагностицирање со помош на рендгенографија, компјутерска томографија, мерење отпорност, мерење спроводливост, ултразвучни дијагностики, ласерски флуоресценции итн. Некои од тие методи се скапи, другите се недоволно точни, но ласерската флуоресценција обезбедува и точност и достапност.

Што се случува ако не се успее со дијагностицирањето кариес?
За жал, 90% од заболувањата на забите се последица од неизлечен забен кариес. Во почеток имаме деминерализирана бела или жолта дамка што во потполност создава повратен ефект, а во следните етапи доаѓа до ширење во длабочина – се создава кариес на глеѓта. Обично тоа пациентите не го забележуваат и бараат помош дури кога ќе се појави болка или уште подоцна – кога имаме видливо расипан заб. Компликациите можат да настанат со лекување на глеѓта – со умртвување на забот, што може да доведе до загуба на забниот венец или самиот заб.

Како изгледа лекувањето?
Раното дијагностицирање дозволува користење неинвазивни методи на лекување – реминерализација на забната глеѓ преку апликација со флуорни гелови и лакови, превентивно премачкување на фисурите со силанти. Лекување на површинскиот и средниот кариес се постигнува со обновување на оштетените делови од забите со користење пластични материјали – композити или амалгами.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>