Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЗДРАВИ ЗАЛАЧИЊА – ЧИСТО ТЕЛО

мај 1, 2018

Време е за детоксикација

Aвтор: Билјана Божовиќ

Седењето во затворени простории, лоши навики во исхраната, како јадење „од нозе“, брза храна и неизбалансирани оброци, и штетни ефекти од чадот од цигарите на кој секојдневно сме изложени, влијаат на насобирање токсини во нашиот организам и формирање слободни радикали кои се одговорни за појава на многу заболувања. Антиоксидантите може да ни помогнат да се избориме со нив.

Растенијата – извор на антиоксиданти

Растителните пигменти и останатите фитохемикалии настанале во текот на еволуцијата како механизам за заштита на растенијата од негативните надворешни влијанија. Една од нивните главни особини е изразеното антиоксидантно дејство. Нам во прилог ни оди тоа што тие активни состојки од растенијата имаат иста функција и во нашето тело. Најпознати природни антиоксиданти се бета каротин, ликопен и лутеин. Моќно антиоксидантно дејство имаат и флавоноидите и изофлавоноидите, витамините А, Ц, Е, коензимот Q, минералите цинк и селен, како и бројни други фитонутриенти.

Бета каротин

Важна состојка на зелените, жолтите и портокаловите овошја и зеленчуци, како морков, кајсија, тиква, спанаќ и брокули. Дејствува на подобрување на имунолошкиот одговор кај постари лица, го намалува ризикот од појава на катаракт и болести на коронарните артерии.

Ликопен

Го има во доматот и лубеницата, како и во другите црвени овошја и зеленчуци. Го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а го поврзуваат и со превенција од одредени облици на рак.

Кверцетин

Ова соединение се наоѓа во кората од плодовите на крушки и јаболка, лук и грозје. Како и останатите флавоноиди има антиоксидативно дејство, а му се припишуваат и антиканцерогени својства.

Селен

Ќе го обезбедиме доволниот внес на овој микроелемент доколку во исхраната вклучиме јаткасти плодови, печурки и житни растенија. Селенот игра битна улога во создавање на глутатион пероксидаза, ензим кој го катализира отстранувањето на слободни радикали.

Витамин А

Морковот, пиперката, портокалите, доматот, сè тоа се намирници од кои можеме да ја добиеме потребната количина на овој витамин. Покрај учеството во синтеза на родопсинот, пигментот вклучен во процеси со помош на кои го гледаме светот околу себе, витаминот А има и силно антиоксидативно дејство, како и благотворно дејство на состојбата на нашата кожа.

Пред кој било чекор поврзан со промена на начинот на исхрана задолжително консултирајте се со својот лекар и фармацевт. Најдобар начин да му помогнеме на своето тело се водење сметка за сопственото здравје, редовна умерена физичка активност и избалансирана исхрана.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>