Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здрави зглобови

ноември 24, 2015

[vc_column width="1/1"]Со грижата за здрави зглобови го задржуваме лесниот чекор, како во младоста така и во подоцнежните години.

Болката во зглобовите помеѓу средната и постарата популација е сè почеста појава. Додека се здрави не им обрнуваме големо внимание, но ако соодветно не ги чуваме со време ќе се јават проблеми, како ревматски тегоби, остеоартритис или артроза на зглобовите. Главна карактеристика на овие заболувања е пропаѓање на  ’рскавицата, кое освен што предизвикува болка доведува до вкочанетост, отеченост и отежната подвижност. Можат да бидат зафатени  кои било делови на телото, најчесто зглобовите на рацете, колената и ’рбетот, а со напредување на болеста, симптомите стануваат посилни и поинтензивни. Овие тегоби се составен дел на стареењето, но во ризичните групи спаѓаат и лица изложени на тежок физички напор, како што е случај кај спортисти и рекреативци и лица со прекумерна телесна тежина, која не смее да се занемари како битен ризик-фактор.

Составен дел на ’рскавицата се природни супстанции кои претставуваат клучни компоненти во одржувањето на подвижноста на зглобовите и заштита од различни деформации. Токму затоа доста внимание се посветува на здравиот начин на исхрана и сè почестата примена на нутритивни состојки, во облик на додатоци во исхраната. Така, глукозамин сулфат придонесува во формирање и обновување на ’рскавицата, а метил сулфонил метан помага во функционирање на зглобовите и претставува извор на сулфур, кој е од голема важност за коските. Како важен елемент на сврзното ткиво, хондроитин сулфат ја подмачкува и ја штити ’рскавицата, јакнејќи ја нејзината флексибилност и отпорност на притисок. Хијалуронската киселина ја зголемува вискозноста на синовијалната течност во зглобовите и  овозможува ’рскавицата помеѓу коските да е поеластична.

Примената на нутритивни совети со вклучени редовни активности, како одење, пливање, вежбање, трчање или танцување, ќе дадат корисни ефекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот. Со синергистичка сила овие фактори ќе придонесат во сочувување на зглобовите, овозможувајќи им интензивна поткрепа да останат силни и здрави и покрај годините.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>