Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зелен чај

август 3, 2016

За виткост и здравјеЗелениот чај или green tea се состои од неферментирани листови од растението Camellia sinensis. Зборот „зелен“ не се однесува на бојата, туку на „необработеноста“, така што сите активни материи се сочувани. Зелениот чај има докажани антиоксидативни својства.

Зелениот чај е пијалак кој, после водата, го пијат најмногу луѓе на планетава. Во Кина се користи повеќе од 5 000 години, а една стара кинеска поговорка вели: „Подобро да се биде три дена без храна отколку еден без чај“. Се смета дека во Јапонија и во други земји на Далечниот Исток стапките на развој на канцерогени заболувања се помали, бидејќи луѓето редовно консумираат зелен чај. Се знае дека има повеќе од 300 корисни состојки, а нивната комбинација дава ефикасни резултати за здравјето. Зелениот чај содржи 6 основни полифеноли, познати како катехини, а најактивен и најмногу истражен катехин е EGCG (Epigallocatechin gallate).

Зелениот чај се користи во превенција на атеросклероза, бидејќи влијае на намалување на лошиот холестерол ((LDL) и зголемување на добриот (HDL). Добар е и во превенција на карцином на мочниот меур, дојките, јајчниците, дебелото црево, белите дробови, кожата, простатата и штитната жлезда. На дијабетичарите им помага да го контролираат нивото на глукоза во крвта, а полифенилите можат да помогнат и кај многу други болести и тегоби, како вирусен хепатитис, бавен метаболизам, воспалителен артритис, грип и настинка.

Во случај да подготвува со млеко, според англиската традиција, благотворното влијание на катехините од зелениот чај се губи.

НАПОМЕНА: Луѓе со срцеви проблеми, висок притисок, бубрежни проблеми, психички проблеми, не би требало да консумираат зелен чај, како и трудници и доилки. Исто така, зелениот чај не смее да се меша со некои лекови, бидејќи содржи кофеин, па ако имате историја на болест и примате медицинска терапија, треба да се посоветувате со лекар.[vc_column width="1/2"][vc_column width="1/2"]ПрепоракаBETTY GREEN TEA е неферментиран зелен чај, со исклучително пријатен мирис и помалку остар вкус. Содржи извесна количина кофеин, па можете да го користите како извонредна замена за кафе.

Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>