[vc_column width="1/1"]
Совети за зачувување на здравјето на жените
Женско здравје
Телото на жената е приспособено за продолжување на потомството преку градбата и функцијата на половите органи под влијание првенствено на половите хормони естроген и гестаген, но и хормоните на хипоталамусот и тироидната жлезда. Одржувањето на здравјето на половите органи е предуслов за здравјето на жените во текот на целиот нивни живот, а важно е и за здраво потомство. Редовните гинеколошки прегледи и ПАП-тестови, како и утврдувањето на проблемите и болестите со помош на тестови за самотестирање, кои се достапни во аптеките, осигуруваат правилно лекување на болестите.
Менструален циклус
Менструалниот циклус претставува физиолошки процес кој обично трае 28 дена, а во текот на кој женското тело се подготвува за зачнување.
При недостаток на оплодување неоплодената јајце клетка се распаѓа и се случува нормално, физиолошко крвавење. Овој циклус зависи од голем број физиолошки, хормонски и психолошки фактори. Нарушување на кој било од овие фактори предизвикува помали тегоби, но и болести кои понекогаш може да бидат сериозни или може да предизвикаат неплодност. Болна менструација или дисменореја се појавува кај повеќето жени до средината на 20-тите година или до пораѓањето. Симптоми се болки или грчеви во долниот дел од стомакот непосредно пред менструација или во текот на првите денови од менструацијата. Истите се лекуваат со примена на лекови против болки, а помага и мирување, загревање, внесување лесна храна и големи количини течности.
ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Болната менструација може да биде поврзана и со воспаление во подрачјето на карлицата и половите органи па затоа е важно лекарот да ја утврди вистинската причина.
ВО НАШИТЕ АПТЕКИ BETTY ПОБАРАЈТЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА БОЛНАТА МЕНСТРУАЦИЈА, КОРИСТЕЊЕТО ЛЕКОВИ ИЛИ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА ВО БРЕМЕНОСТА КАКО И ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА КЛИМАКТЕРИУМОТ.
Контрацепциски методи
Контрацепцијата ви овозможува планирање на семејството преку знаење на плодните денови, односно овулацијата. Овулацијата најчесто настанува околу 14 ден пред првиот ден на следната менструација, обично помеѓу 13 и 15 ден, ако циклусот трае 28 дена. Половиот однос за време на овулација овозможува зачнување, кое се избегнува со апстиненција или заштитен однос.
• Контрацепцијата може да биде природен метод и тогаш вклучува следење на промените во густината и еластичноста на цервикалниот слуз, мерење на базалната температура или одредување на плодните денови при редовен циклус. Еден од природните и сигурни начини за одредување на плодните и неплодните денови е со помош на тест на плунката под минијатурен микроскоп, кој е достапен во сите подобро опремени аптеки.
• Лековите кои се користат за контрацепција се всушност женските полови хормони, а се применуваат и како терапија за лекување на нарушувањата во циклусот, обилна или слаба менструација, изразито болна менструација, тешки форми на акни или некои промени кај јајниците или ендометриумот на матката. Како и сите лекови всушност и хормонските производи имаат одредени несакани ефекти, кои со правилно избирање на производот и редовна лекарска контрола може да се избегнат или да се намалат во рамките на ризикот кој би бил прифатлив.
Совети за бремени жени
Бременоста е посебна состојба во која здравјето на бремената жена значајно влијае врз здравјето на детето.
• Ако бремената жена нема здравствени тегоби или некои хронични болести, треба да води нормален, но здрав живот, што подразбира правилна исхрана и редовни, приспособени вежби за телото.
• Исхраната на бремените жени треба да биде разновидна со што би се осигурило внесување на сите потребни состојки, но при тоа не треба да се јаде „за двајца“, туку дури од 4 месец на бременоста треба да се зголеми внесот на храна за 200 - 300 kcal/ден.
• За време на бременоста треба да се избегнува консумирање шеќер, сол и масти, а треба да се зголеми внесувањето на овошје, зеленчук и течности.
• Жените во бременоста треба да внесуваат посебно приспособени витамини и минерали.
• Бремените жени треба доволно да одмараат и да избегнуваат физички и психички стрес.
ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Со цел подобро да се заштитат бремените жени, треба да водат поголема грижа за рамнотежата на вагиналната флора и во случај на сомневање за први знаци за каква било вагинална инфекција, инфекција на уринарниот тракт или габични заболувања треба да направат самотестирање и ако резултатот е позитивен, да побараат лекарски совет.
Совети за жени во менопауза
Менопаузата претставува последна менструација која се појавува околу 50 година од животот и по која жената веќе не е способна за оплодување, а периодот потоа го нарекуваме климактериум. Таа се појавува заради намалено создавање хормони, посебно естроген, штопредизвикува голем број промени првенствено кај половите органи, а потоа и кај уринарниот тракт и коските, но и психолошки промени. Коските може да станат порозни и склони кон кршење, а тоа се нарекува остеопороза, и се лекува со лекови, кои може да бидат хормони или бифосфонати, со зголемување на внесот на калциум и витамин Д. Жените кај кои менопаузата настапила порано, а кои се послаби, пушат, консумираат поголеми количини алкохол, внесуваат помалку калциум или во нивните семејства има случаи на остеопороза имаат зголемен ризик за појава на болеста.
ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ НА ВАГИНАТА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ГАБАТА CANDIDA ALBICANS МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВАТ И ДОКОЛКУ Е НАРУШЕНА НОРМАЛНАТА ВАГИНАЛНА ФЛОРА. ПОНЕКОГАШ СЕ ПОЈАВУВААТ БЕЗ КАКВА БИЛО НАДВОРЕШНА ПРИЧИНА ИЛИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА СТРЕС, ОПАЃАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ ИЛИ ЗЕМАЊЕ НА НЕКАКВИ ЛЕКОВИ.
Женски полови инфекции
• Инфекциите може да бидат предизвикани од бактерии или габи кои може да се пренесат преку незаштитен полов однос.
• Инфекциите, најчесто предизвикани од Candidа albicans, може да се појават и доколку е нарушена нормалната вагинална флора. Понекогаш се појаву-ваат без каква било надворешна причина или како последица на стрес, опаѓање на имунитетот или земање некакви лекови.
• При незаштитен полов однос може се пренесат поло-во преносливи болести: гонореја, сифилис, трихомони-јаза, инфекција со вирусот ХИВ и инфекцијата клами-дија, која може да предизвика неплодност. Некои од инфекциите како кламидијата се лекуваат со антимикроби преку орален пат или со вметнување на лекот во вагината и со истовремено лекување на двата партнери. За жените многу е корисно и внесувањето на вагинални пробиотици.
• Инфекцијата ХПВ (хуман папилома вирус) кај повеќето лица не предизвикува симптоми и спонтано се повлекува, но кај некои се појавуваат кондиломи (вид на брадавици), кај жените промени на грлото на матката, надворешните гениталии, анусот, а кај мажите промени на пенисот.
ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Треба да знаете дека некои видови ХПВ преминуваат во хронична инфекција и значително го зголемуваат ризикот од појава на рак на грлото на матката. Лек против ХПВ не постои, но постои вакцина за девојчиња и момчиња со која се штитат од инфекција на типовите вируси кои се со висок ризик за појава на карцином.
За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.