Пред одење на годишен одмор, направете пилинг на кожата и нахранете ја со креми според типот на кој му припаѓате, исхраната приспособете ја на жешките денови и не заборавајте на хидратацијата на организмот како надворешно така и од одвнатре
За кожата да биде добро подготена за сончање, не е доволно само нанесување на скапи препарати за заштита од УВ-зрачење непосредно пред изложување на сонце, туку е потребно да се посвети внимание на исхраната, а телото заштитено со квалитетни козметички креми постепено да се изложува на сонце пред 10 часот претпладне и по 17 часот попладне.
Исхрана: Од штетното зрачење кожата се брани со меланин, пигмент одговорен за нејзиното потемнување, за чие создавање е потребна една недела. Неговото создавање се поттикнува и со додатоци во исхраната во облик на витаминско-мине- рални препарати. Со консумирање оброци од овошје, зеленчук и житни растенија, со акцент на намирници богати со бета-каротин (морков, домат, праска), ние „одвнатре“ ја подготвуваме кожата за сончање.
Хидратација: Со хидрирање на организмот со внесување доволни количини течности, од два и повеќе литри вода дневно во жешките денови, ја избегнуваме хидратацијата и главоболките кои ја придружуваат, но помагаме кожата да биде здрава и да сјае. Честите туширања со млака вода се многу корисни во топлите денови, со тоа што не мора ни да се бришете, туку оставете телото да ви се исуши по природен пат, што е и многу освежувачко.
Пилинг: Пилинг на кожата никако не треба да се прави за време и во текот на сончањето, туку пред заминување на годишен одмор и пред престој на сонце.
Хранливи креми: Кожата треба да се мачка со хранливи, хидратантни креми и доволно е да се „нахрани“ пред патувањето и престојот на плажа, зашто сонцето, солената вода и ветарот ја исушуваат.
Креми за сончање: Многу е важно да го одредите својот тип на кожа и чувствителност на сонце и во согласност со тоа да изберете заштитни креми, масла и млека со фактор од 15 до 50 (SPF, sun protection factor). Овие креми се нанесуваат околу 30 минути пред изложување на сонце, за тенот да има време да ги впие. Исто така, се нанесуваат и при влегување во вода (водоотпорни), и на секои два часа, без оглед дали времето е облачно.
Креми по сончање: Олеснуваат и помагаат при црвенила на кожата, треба да се нанесуваат со нежни движења по туширање со млака вода, ја хидрираат и ја хранат кожата. Се препорачуваат производи кои содржат алое вера кое го смирува евентуалното црвенило. Препарати со антиоксиданти и пантенол ја штитат кожата и ја поттикнуваат нејзината обнова.
Солариум: Користењето солариум не се препорачува, а во некои земји е забрането за млади под 18 години.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци