Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зимска јакна

јануари 27, 2016

[vc_column width="1/1"]

Удобна, сува и топла

Марија Јоксимовиќ

Уште во 60-тите години на минатиот век Брижит Бардо и Џеки Кенеди носеле шик јакни од пердуви, додека практична ветровка носат и јунаците на серијата Саут Парк, како и славниот Дејвид Бекам

Топлата јакна од пердуви можеби и не е ваш најомилен избор за студените денови, но  оние кои го сакаат ова парче облека велат дека нема ништо подобро од тоа да ги истресеш  снегулките од јакна со пердуви и да продожиш понатаму, целосно сув. Ова парче облека е совршено за зимно време, кога најважно ни е да се чувствуваме топло, суво и удобно. Лежерни, лесни и практични, јакните со пердуви може да се комбинираат со различна облека, која воопшто не мора да биде спортска. Оние кои не ги сакаат поради волуминозноста која може да ја деформира фигурата, секогаш може да изберат модел со каиш или со голема крзнена крагна и качулка, кои го одземаат вниманието од „проширената“ половина.

Уште во 60-тите години на минатиот век, шик јакните со пердуви од марката Moncler, ги носеле Брижит Бардо и Џеки Кенеди, уживајќи во оваа топла облека во монденските скијачки центри. Брендот Moncler, всушност, е изведена кратенка од името на романтичното планинско градче Monestier de Clermont, на југот на Франција, близу Гренобл. Токму тука се наоѓа фабриката која во 1954 година ја произвела првата серија на јакни направени од материјал за вреќи за спиење, полнети со пердуви од гуски. Истата година станале хит меѓу италијанските алпинисти, кои во нив го освојуваат Каракорум, втор највисок планински врв во светот. Десет години подоцна, јакните со пердуви стануваат уште полесни и поудобни. Во 80-тите години добиваат копчиња наместо патент, качулка со крзно, се прават во сите можни бои и стануваат глобален моден тренд.

Јакна со Сваровски кристали

За разлика од функционалната јакна со пердуви, која може да се носи во секој дел од денот и ноќта и да се пере во машина за перење алишта, ексцентричниот дизајнер Александар Мекквин креирал струкирана, тесна јакна богато украсена со блескави Сваровски кристали на рамењата и околу вратот. Оваа јакна, секако, привлекува многу внимание, а модните критичари со причина ја опишуваат како „судир на војничка јакна и јувелири“. Чини цело богатство, дури 15 000 долари и дефинитивно не е нешто што се носи секој ден. Меѓутоа, и покрај цената и екстравагантната изработка, таа мами воздишки од сите кои би сакале да изгледаат како микс од покојниот Мајкл Џексон и војник од Војна на ѕвездите.

Славната дизајнерка Heli Miikkulainen-Gilbert се определила за друг вид екстраваганција и креирала зимски јакни од крзно, кои со изработката потсетуваат на наметките на Викинзите, кои користеле специфично скандинавско платно на кое со традиционални техники за плетење се извлекувале густо распоредени нишки. Ваквата функционална облека ги греела Викинзите за време на долгите морски пловидби и ги штитела од временски неприлики. Викиншките јакни на  Heli Miikkulainen-Gilbert, исто така, се прават рачно, па за изработка на една се потребни 25 дена. Се прават така што плетивото од јагнешка волна се „доплетува“ на јута и свила, па јакните изгледаат како да се изработени на некој стар рачен разбој.

Од старо ново

Плетењето, некогаш резервирано само за џемпери, шалови, капи и ракавици, сега се преселило и на јакни. Супермодерната јакна со плетени ракави и околувратник од дебела волна, може да се изработи и во домашна режија, по системот од старо ново. Минатогодишната зимска јакна од штоф може да се преправи така што ќе £ се отстранат ракавите, па наместо нив ќе се додадат плетени од стар џемпер.

Оваа зима многу се модерни и зимските јакни без ракави под кои се носат дебели џемпери. Всушност, со малку фантазија и труд, може да се направи целосно нова јакна. Може да £ се сменат копчињата, да £ се додаде качулка од друг материјал, каиш или крзнена крагна. Кој е вешт, може од две стари јакни од штоф, да направи целосно нова и многу атрактивна, така што, на пример, од едната ќе ги искористи грбот и ракавите, а од другата предниот дел. Овие комбинации може да се видат на модни писти, но и да се креираат од стара облека од орман, бидејќи кога се во прашање зимските јакни рециклажата е тренд.

Кој не сака да преправа и не жали пари за скапа зимска јакна, треба да обрати внимание на неколку работи. Најквалитетни се јакните од природни материјали како волна и кашмир, па секогаш треба да се погледне етикетата од внатрешната страна и да се прочита составот. Треба да се обрне внимание и на поставата, дали е лепена, или шиена. Ако е шиена, што е подобро, тогаш мора да се гледаат шавовите. Исто така, кога јакната се проба во продавница, на себе треба да ја имате облеката која ќе ја носите под неа, како џемпер или сако, бидејќи само така проверено се избира соодветна големина.

Ветровка од ирвас

Ветровката покрај јакната со пердуви сигурно е најфункционалното парче облека за студените денови, бидејќи задолжително има голема топла качулка и постава од вистинско или вештачко крзно, па сигурно штити од ниски температури, ветер и снег. Историчарите на облека велат дека првите ветровки ги носеле Ескимите при лов на китови и риби, па рачно ги изработувале од крзно на ирвас и фоки, и ги премачкувале со рибино масло за да бидат водоотпорни.

Првите, фабрички изработени ветровки, почнале да се прават во 50-тите години на минатиот век во САД, за потребите на војската и тоа во две верзии. Првата, до  половината, имала капчулка со патент, а другата имала миди должина, исто така, со голема и топла капчулка. Прво се правеле во маслинестозелена боја и биле поставени со волна. Во 70-тите години станале неверојатно популарни, пред сè, поради практичноста и пристапната цена, масовно ги носеле учениците и студентите, за кон крајот на 80-тите да го освојат целиот свет. Денес во ветровка можете да го видите Дејвид Бекам, но и цртаните јунаци од серијата South Park.

Ветровките како специфична форма на облека ги сакаат и дизајнерите, кои ги изработуваат во вистински огномет од бои. Славниот Карл Лагерфелд креирал розева ветровка, со која се носат грејачи за нозе и сè што ќе ви падне на памет, а Ив Сен-Лоран, ја украсил ветровката со пулејки.

Класичен ѓубретарец

Се препознава по (пре)големата качулка, комотниот крој и необичното закопчување со четири закопчувања од кожа, копчиња од дрво, и два нашиени џепа. Неспорно шармантен, класичниот ѓубретарец, всушност, потекнува од морнарскиот капут од Првата светска војна, а се прославил по Втората светска војна, кога станува масовен предмет на облека на војниците. По маршалот Монтгомери, кој го носел и прославил, и денес во Велика Британија го нарекуваат Монти.

Кројот и закопчувањето на ѓубретарецот не се ни малку случајни. Качулката е шиена голема за под неа да собере морнарска капа. Комотниот крој имал функција да го олеснува движењето и работата на палубата на брод. Закопчувањето и специфичните копчиња се измислени за да биде полесно закопчувањето со ракавици.

Денешните ѓубретарци отстапуваат од првобитната строга форма. Може да бидат кратки и долги, потесно или пошироко скроени, во сите можни бои. Ги носат мажи и жени и деца во сите прилики. Добар ѓубретарец е направен од квалитетен волнен штоф, трае вечно и прикажува личност со стил.

Најскапа јакна на светот

Најскапата јакна на светот е продадена во пакет со моторот Harley Dejvidson на 110 роденден на оваа компанија. Кожената јакна со потписот на Папата (Франческо) е продадена за рекордни 57 500 евра на аукција, а моторот за 247 000 евра. Парите се наменети за реновирање на хостел и народна кујна во Рим.

Доживотна гаранција за јакна

Канадската компанија Canada Goose веќе половина век произведува врвни, топли јакни за војската, полицијата, истражувачите, но и за обичните граѓани, во машка и женска верзија, кои не се евтини (од 700 до 1800 евра), но траат цел живот. На секои 30 грама (1 унц) оваа класична зимска јакна содржи над 2 милиона влакна кои формираат изолациони комори, па се смета за најтопла на светот. Порабена е со крзно од волк, и има доживотна гаранција и осигурување дека секој потенцијален недостиг ќе биде отстранет или заменет на трошок на компанијата.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>