Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зуење во ушите

ноември 1, 2016

Кога слушаме нешто што не постоиВесна Шувак-Вујанац

Тинитусот не се смета за болест, туку за симптом, чиј причинител може да биде формирање церуменски чеп во ушите, висок крвен притисок, постара возраст и губење на слухот, или некои медикаменти како аспиринот

Се смета дека 10-15 насто од популацијата страда од тинитус, односно зуење во ушите, кое не може да се измери со помош на ниеден апарат, бидејќи тој звук, кој личи на пиштење, чукање, фијукање, свирење, ѕвонење, пулсирање или шуштење, го слуша исклучиво лицето кое го мачи овој проблем. Од овој проблем најмногу страдаат постарите мажи. Звукот може да биде толку упорен и толку непријатен што во некои случаи предизвикува психичка растроеност, сериозни проблеми со концентрацијата, несоница и депресија, што, пак, доведува до драстично нарушување на приватниот живот и работната способност.

Причините за тинисутис можат да бидат многу различни: од формирање церуменски чеп во ушите, висок крвен притисок, постара возраст и нагло губење на слухот, преку долготраен стрес, премор и недостиг на одмор, слушање на премногу гласна музика, сè до повреди на главата и вратот, мултипла склероза, тумори, каснувања од крлежи, менингитис. Зуењето во ушите можат да го предизвикаат и некои лекови, како аспирин, некои видови антибиотици, диуретици, како и цитостатици.

Поради тоа важно е секој кој страда од шум во ушите да се јави на лекар, особено ако звуците се упорни и непрекинато се слушаат. Дијагнозата се поставува врз основа на испитувања, прегледи и исклучување на сите познати причинители на тинитус, но понекогаш не е едноставна, а се случува и да е невозможно да се утврди причината за оваа појава. Лекувањето се спроведува, пред сè, со откривање и отстранување на конкретниот предизвикувач. Меѓутоа, во олеснување на овој проблем помага и слушање на умерена и тивка музика со слушалки на ушите или снимени релаксирачки звуци од природата.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>